Новости
Работан средба со министерството за јавна администрација
Дата: 11.12.2025
Во рамки на проектот "Поддршка за воспоставување на Академија за обука и стручно усовршување на административните службеници", извршната директорка на ЦУП Неда Малеска Сачмароска, проектната координаторка на ЦУП Анета Иванова Стојаноска и експертот проф. д-р Jean-Michel Eymeri-Douzans, остварија работна средба со министерот за јавна администрација Горан Минчев и раководителката на секторот за реформа на јавната администрација Есма Адиловиќ Фазлиќ.
На средбата се разговараше за организацискага поставеност на Академијата, начините на организација на обуките, потенцијалните предизвици во процесот на воспоставување на Академиката и решенија за истите.
Proektot „Поддршка за воспоставување на академија за обука и стручно усовршување на административните службеници“, кој е поддржан од Амбасадата на Република Франција, а во соработка на Центарот за управување со промени (ЦУП) со Министерството за јавна администрација (МЈА).
Најнови новости
Обука за асистентите на пратениците во македонското Собрание
Дата: 14.12.2025
Mожно ли е владеење на правото со комерцијален службен весник?
Дата: 03.11.2025











