Работилница на тема- Размена на искуства и стекнување знаења за најдобрите практики во областа на секторското планирање и практикување на отчетност (19-21.02.2019) | ЦУП
Сподели

Работилница на тема- Размена на искуства и стекнување знаења за најдобрите практики во областа на секторското планирање и практикување на отчетност (19-21.02.2019)

Дата: 20.02.2019

Размена на искуства и стекнување знаења за најдобрите практики во областа на секторското планирање и практикување на отчетност е целта на работилницата која ја спроведуваме од денес до 21.02.2019.

Учесници на работилницата се административни службеници од 4 институции кои се целна група на проектот: Министерство за информатичко општество и администрација, Министерство за образование и наука, Министерство за труд и социјална политика и Секретаријат за европски прашања. Покра...ј од овие институции, учесниците доаѓаат и од секторските институции кои се вклучени во линијата на отчетност кон овие 4 институции.

Теми на работилницата ќе бидат: секторско планирање, поими на отчетност, одговорност и надлежност, поставување клучни индикатори на успешност, модели на известување, меѓу-институционална соработка и сл.

Предавач на работилницата е експерт од Канада, г-динот Тед Тунис, кој има повеќе од 25 годишно искуство во дизајнирање и испорака на модели за стратешко планирање и отчетност за институции од јавниот сектор во Канада и на меѓународно ниво.

Благодарност до Британската амбасада во Скопје со чија помош ја реализираме оваа работилница.

ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk