Работилница за клучни наоди и препораки за унапредување на ЕМИС и Е-Дневник системите | ЦУП
Сподели

Работилница за клучни наоди и препораки за унапредување на ЕМИС и Е-Дневник системите

Дата: 13.12.2019

Изработивме анализа на недостатоците на централните образовни ИТ системи: ЕМИС и Е-Дневник, со цел предложување промени кои ќе значат подобрување во квалитетот на податоците и процесот на размена и објавување податоци од страна на образовните институции, а со тоа и подобрување на образовните политики врз основа на докази. Анализата беше изработена врз основа на интервјуа со сите релевантни институции од областа на образование, работилница со учесници од образовните институции, спроведена анкета на администраторите во училиштата, како и врз основа на компаративни искуства.

Денес, 13.12.2019 година, одржуваме втора работилница со претставници од образовните институции, за да ги презентираме клучните наоди и препораки од анализата и да отвориме дискусија за да ги унапредиме наодите и препораките. Како резултат на анализата, изработивме нацрт-техничка спецификација за унапредување на ЕМИС и Е-Дневник системите, која ги рефлектира сите клучни наоди и препораки, чии елементи исто така ги презентираме на работилницата. Оваа техничката спецификација ќе ја користи Министерството за образование и наука за спроведување набавка за надградба на овие два клучни системи.

Работилницата се организира во рамки на проектот „Поддршка при креирање политики врз основа на докази во секторот образование“,  финансиран од Владата на Обединето Кралство, со поддршка на Британската амбасада Скопје, а имплементиран од УНИЦЕФ преку Центарот за управување со промени. 

ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk