Работилница на темата „Активни граѓани за подобри јавни услуги“ | ЦУП
Сподели

Работилница на темата „Активни граѓани за подобри јавни услуги“

Дата: 19.06.2018

Центарот за управување со промени и Асоцијацијата Зенит тековно организираат работилница на темата „Активни граѓани за подобри јавни услуги“. Работилницата се одржува за Мрежата на граѓански организации за подобрување на јавните услуги, воспоставена во рамки на проектот „Граѓански ориентиран пристап во испорака на јавните услуги. Покриени се повеќе теми поврзани со јавните услуги, меѓу кои и правните основи за испорака, различните видови на јавни услуги, европските трендови за дигитализација на јавните услуги, а дискутирани се и клучните реформски процеси во областа на јавните услуги предвидени во Стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година.

ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk