Викендов се одржа работилница за Кодексот за етичко однесување на пратениците и упатството за примена на Етичкиот кодекс
Етичкиот кодекс за пратениците во Собранието на Република Северна Македонија ги дефинира основните етички принципи и ги утврдува стандардите на постапување и однесување на пратениците.
Целта на Кодексот е да обезбеди рамка на принципи и стандарди за однесување на пратениците во извршувањето на функцијата како претставници на граѓаните.
Кодексот на однесување на пратениците има за цел:
да ги дефинира и промовира етичките принципи и стандарди на постапување и однесување што се очекуваат од пратениците при извршувањето на функцијата за времетраењето на нивниот мандат, а кои придонесуваат во градење на заемна доверба, толеранција и разбирање;
да ја зголеми отвореноста, транспарентноста и интегритетот на пратениците и на Собранието и да зајакне довербата на јавноста во функцијата пратеник.
Кодексот е алатка за само-регулација чија цел не е да се контролира работата на пратениците/пратеничките, туку да воспостави стандарди во однесувањето, давање насоки за постапувањето, да воспостави заеднички правила за одговор на неприфатливо однесување, како и да обезбеди доверба од страна на јавноста во работата на пратениците/пратеничките и Собранието.
Работилницата беше поддржана од OSCE Mission to Skopje/OSCE Office for Democratic Institutions and Human Rights (ODIHR) и Програмата за парламентарна поддршка поддржана од Швајцарската амбасада. #CHinMK
Дата: 01.11.2024
Дата: 06.10.2024