На 25.11.2021 во просториите на Домот на Армијата во Скопје, Центарот за управување со промени (ЦУП) и Министерството за одбрана (МО) одржаа работилница за подобрување на процесите на поврзани со јавните набавки.
На настанот учествуваа вработени во сите одделенија, сектори и секции во рамки на министерството и Генералштабот кои работат на јавните набавки. Присутните активно учествуваа во дискусиите каде ги споделија проблемите на кои секојдневно наидуваат, разработија конкретни идеи за нивно надминување и заедно работеа на софтверско решение за подобра организација и следење на јавните набавки.
Работилницата ја водеше тимот на ЦУП, засилен со ИТ експерти кои во следниот период ќе го развиваат идејното решение за софтвер за јавните набавки соодветен на потребите и предлозите на вработените во МО.
Работилницата беше спроведена во рамки на проектот „Поддршка на реформите за добро управување во Министерството за одбрана“ кој е имплементиран од страна на ЦУП, а поддржан од страна на Британската Амбасада во РСМ.
Дата: 01.11.2024
Дата: 06.10.2024