Раболница - користење на социјални медиуми за промоција на работата на КСЗД | ЦУП
Сподели

Раболница - користење на социјални медиуми за промоција на работата на КСЗД

Дата: 28.02.2022

Во рамки на проектот „Борба против дискриминација преку поддршка на Комисија за спречување и заштита од дискриминација“ (КЗСД), ЦУП организираше работилница за вработените во Комисијата, со цел да се зајакне видливоста на КСЗД.

Работилницата беше предводена од експерт по дигитален маркетинг кој ги презентираше сите алатки кои ги нудат социјалните медиуми со цел зголемување на видливоста на Комисијата и зајакнување на нејзината едукативната функција во насока на зголемување на јавната свест за дискриминацијата како штетна појава во општетсвото и механизмите за заштита од дискриминација. 

Проектот „Борба против дискриминација преку поддршка на Комисија за спречување и заштита од дискриминација“ е спроведен од Центарот за управување со промени а поддржан од Амбасадата на Обединетото Кралство во РСМ.  

ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk