Во рамките на проектот „Следење на принципите на јавната администрација во зачувување на вредности на добро управување“ беше организирана средба со грантистите на проектот. Целта на средбата беше да се сумираат сработените активности, да се отвори дискусија околу предизвиците во имплементација на грантовите, како и да се презентира планот за наредните активности.
Проектот е финансиран од Европската Унија, преку ИПА програмата „Структура за поддршка на граѓанското општество и Медиуми 2015“, а го спроведуваат Центарот за управување со промени, Менаџмент консалтинг агенција МКА-2000 и Центар за истражувачко новинарство СКУП Македонија. Партнери во реализацијата на проектот се 14 граѓански организации од сите региони во земјата, како грантисти на проектот.
Дата: 01.11.2024
Дата: 06.10.2024