Промовирање на принципите на добро владеење (отчетност, транспарентност, учество, ефикасност и кохерентност) преку засилено влијание на граѓанските организации во процесот на оценка (евалуација) на јавните политики и донесување одлуки.
Период 01.08.2015 - 31.10.2016
Донатор: Македонски центар за меѓународна соработка преку Цивика мобилитас
Краен корисник на проектот: Граѓански организации, медиуми, државни службеници, пратеници
Главна цел:
Општа цел: Промовирање на принципите на добро владеење (отчетност, транспарентност, учество, ефикасност и кохерентност) преку засилено влијание на граѓанските организации (ГО) во процесот на оценка (евалуација) на јавните политики и донесување одлуки.
Специфична цел: Јакнење на капацитетите на граѓанските организации да делуваат како надзорни тела и регулаторен индикатор во процесот на подготовка на политики и законски предлози преку користење на механизмите, методите и алатиките на ex ante и ex post евалуација.
Очекувани резултати:
Развиени аналитички знаења и вештини на ГО за користење на методите и алатките за проценка на влијанието на регулативата и оценка на политиките.
Подготвени две анализи/студии на случај (1 ex ante 1 ex post оценки) на политики и регулативи (закони, директиви, стратегии, подзаконски акти) во соработка со државните институции.
Подготовен на Документ за јавни политики со наоди заклyчоци и препораки за одредени клучни политики.
Г-ѓа Гордана Стефковска Вељановска дава преглед на направените трошоци за спроведување на екстерното тестирање во период од пет години.
Изјава на извршната директорка на Центарот за управување со промени - Неда Малеска Сачмароска за ТВ 24 Вести. Кои беа наодите за екстерното тестирање кои Центарот за управување за промени ги објави во септември 2016. Целото истражување е достапно тука, додека пак овде можете да го најдете инфографикот .
Промовирање на принципите на добро владеење (отчетност, транспарентност, учество, ефикасност и кохерентност) преку засилено влијание на граѓанските организации во процесот на оценка (евалуација) на јавните политики и донесување одлуки.