Проекти
Градење административни капацитети за ЕУ интеграции
Проектот опфаќа поддршка на Секретаријатот за европски прашања во градење административни капацитети за интеграција во Европската Унија.
Период 01.04.2007 - 31.03.2009
Донатор: Британска амбасада преку СПФРЕ (Стратешки програмски фонд – Повторно обединување на Европа)
Краен корисник на проектот: Секретаријат за европски прашања
Главна цел:
Општата цел на овој проект е сопственост и учество на државните институции во програмирање (дефинирање на приоритетите, изработка на Програмата и на проектните документи) и спроведување на националните годишни програми кои ќе го олеснат процесот на интеграција во ЕУ. Секоја од петте предложени компоненти придонесува кон општата цел на проектот.
Очекувани резултати:
Реформа на јавна администрација во насока на пристапниот процес кон ЕУ
-
Развиена Методологија за стратешко планирање со која се воспоставува силна врска помеѓу стратешко планирање, планирање на буџетот и Националната Програма за усвојување на acquis communautaire НПАА;
-
Воспоставени структури и процедури за развој на годишна Програма за работа на Владата осигурувајќи го приклучувањето на НПАА и набљудување на процедурите за имплементација;
-
Развиен нов Деловник за работа кој ќе овозможи да оценката на влијанието и анализата на политиките и процедурите се рефлектира преку системот на е-влада;
-
Развиени организациски структури, човечки ресурси и вештини потребни за подобрување на процесот за планирање и водење политика;
-
Обучени државни службеници за стратешко планирање во централните координативни тела и во министерствата;
-
Обучени државни службеници во Генералниот секретаријат да делуваат како проверка на точка на квалитет на политики и предлози доставени до Владата.
Градење капацитети за имплементација на национална стратегија за комуникација за ЕУ интеграција
-
Постојана и професионална служба за информации во сите министерства со можност реално и навремено да ја пренесат пораката за процесот на интеграција во ЕУ;
-
Подобрена дисеминација на информации поврзани со ЕУ помеѓу државните службеници и кај пошироката јавност;
-
Зголемено вклучување и ангажирање на носителите на одлуки и влијателнитен кои се клучни за процесот на интеграција во ЕУ.
Градење капацитети за ЕУ интеграција
-
Основана структура за Проценка за потребите од обуки (ППО) и систем во врска со административни барања за интеграцијата во ЕУ;
-
Воведување на стандарди и обезбедување на квалитет за обука;
-
Воспоставена Методологија за обука, врз основа на принципите на координација, комплементарност и знаење;
-
Воспоставен систем за набљудување на имплементацијата на мерките за градење на институциите.
-
Подобрување на капацитетот на НПАА работните групи за анализа на ЕУ aquis барањата, да ги поврзат и исполнат приоритетите на НПАА.
-
Подобрување на капацитетот на НПАА групите преку предвидени обуки.
Поддршка на владините структури за ИПА
-
Избрани претставници на владини институции обучени за управување и фасилитација во пристапот до ЕУ ИПА финансирање.
-
Националните структури во можност да го пилотираат моделот за Децентрализирано управување со ЕУ ИПА фондовите.
-
Обучен тим на локални експерти од јавната администрација, кои можат да обезбедат помош во програмирање, подготовка на проекти и имплементација во јавната администрација, општините и други потенцијални корисници.
Одржување на ИТ мрежа за поддршка на целокупниот процес за планирање на НПАА, координација и мониторинг
-
Развиена НПАА систем на база на податоци и интерфејси за поддршка, следење и интегрирање на различни процеси и различни структури: ЕУ acquis, националното законодавство, административна инфраструктура, потреба од институционални капацитети, буџетските потреби и потреби за странска помош;
-
Развиен НПАА портал како заедничка работна страница за информации од напредокот на НПАА;
-
Развиена НПАА алатка за следење со цел користење на критични информации за носителите на одлуки;
-
Обучени НПАА работни групи за користење на НПАА системите, структурираните шаблони и НПАА порталот;
-
Обучена ИКТ работната група за ИКТ Прирачникот, со фокус на НПАА соодветни вештини.
Проектот е поддржан од Британската амбасада


