Подобрување на организациската структура на Патронажната Служба | ЦУП
Сподели

Подобрување на организациската структура на Патронажната Служба

Програмат на УНИЦЕФ во РСМ во периодот 2020-2025 се фокусира на политики релевантни на децата, примарно здравствени, социјална заштита и образование. Предложената соработка се вбројува во очекуваните резултати повразни со здравство. УНИЦЕФ детектираше дека  „во здравствениот секотр“ има недоволен акцент врз превентивната и примарната грижа и владата главно се фокусираше на градење болници, набавување на скапа опрема и имаше бенефит од  неправилни набавки. Придонесот на ЦУП ќе опфати aспекти поврзани со институционална организација и развој, развој на човечкиот капитал, поточно систематизација на работни позиции, опис на работни позиции и копетенции (општи и професионални) како и менаџмент на перформансите и проценки. Подобрено функционирање на Патронажната служба како дел од здравствениот сектор, значајно и индиректно ќе придонесе кон благосостојбата на децата во државта.  

Период 01.11.2021 - 01.06.2022

Донатор: УНИЦЕФ

Краен корисник на проектот: Патронажна Служба

Главна цел:

Проектот ќе опфати aспекти поврзани со институционална организација и развој, развој на човечкиот капитал, поточно систематизација на работни позиции, опис на работни позиции и копетенции (општи и професионални) како и менаџмент на перформансите и проценки.

Очекувани резултати:

1. Извештај од спроведената функциоанална анализа (ФА) во Патронажната служба во Скопје, со препораки за организациски развој. 

2. Креирани акти за органзациска структура и систематизација на работните позиции.

3. Развивање на Рамка за Ккомпетенции за позициите во Патронажната Служба.

4. Препораки за амандмани за правната рамка за да може да се осигура подобрен менаџмент на перформансите и кариерен развој.

/



/

Галерија на проектот

Подобрување на работата и услугите на патронажната служба

Презентација на спроведената функционална анализа на организациската структура на поливалентната патронажа при ЈЗУ- Здравствен дом Скопје

Работна средба за спроведување на функционална анализа во Патронажната служба

ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk