Здружението за развој Центар за управување со промени е непрофитна, невладина организација која промовира разбирање и ненасилни промени во општеството. Организацијата се фокусира на меки мерки и политики кои им помагаат на различни ентитети да ги прифатат промените во општеството како нормални ситуации и да ги претворат во позитивни резултати. Организацијата верува дека зајакнувањето на капацитетите на јавната администрација, граѓанскиот сектор, бизнис заедницата, евро - интеграцијата и инвестирањето во луѓето се главни агенти за промена во општеството.
Повеќе за нас keyboard_arrow_rightДата: 15.06.2022
На 16.06.2022 година, во Министерството за образование и наука беше извршено примопредавање на електронските услуги кои беа изработени во рамки на проектот „Дигитализација на услуги во образовниот сектор – фаза 2“ проект поддржан од страна на Владата на Обединетото Кралство, а имплементиран од страна на Центарот за управување со промени.
Во рамки на овој проект беа изработени две електронски услуги – софтверско решение за електронски уписи на ученици во средните училишта и софтверско решение за конкурси за финансирање на научно – истражувачки проекти.
Центарот за управување со промени искажува голема благодарност до сите кои беа вклучени во проектните активности и целосната реализација на електронските услуги. Благодарност до Министерството за образование и наука, до поранешната министерката Мила Царовска со која отпочна проектот и актуелниот министер Јетон Шаќири и неговиот тим кој во континуитет проактивно учествуваше во изработката. Благодарност до Секторот за средно образование, образование на возрасни и доживотно учење и Секторот за наука и иновации на Министерството за образование и наука за целокупниот ангажман. Особена благодарност до д-р Боро Јакимовски како предводник на тимот ИТ експерти и Даниел Кипријановски со чија што стручност електронските услуги од идеја дојдоа до комплетна реализација.
Вкупната бројка на ученици кои аплицирале за упис во средно училиште преку електронската услуга изнесува над 14.500.
Дигиталната транформација го менува начинот на кој функционира општеството во целост, придонесувајќи кон ефективни и ефикасни процеси, зголемено задоволство на корисниците и подобрување на работата на институциите. Центарот за управување со промени продолжува преку својата работа да ги поддржува процесите за дигитализација на услуги.
Дата: 01.06.2022
Во перидот од 31 мај до 01 јуни 2022 година, се одржа првата сесија од менторската програма за зајакнување на капацитетите на Комисија за спречување и заштита од дискриминација организирана од ЦУП
Комисионерите се запознаа со Jarlath Kearney (комисионер во комисијата за еднаквост од Северна Ирска) кој ќе ја предводи менторската програма наредните три дена
Целта на менторската програма е членовите на КСЗД да се запознаат со моделот на организација и надлежности на телото за еднаквост во Северна Ирска и нивните добри пракси во делот на истражувањето на случаите на дискриминација. Исто така, се дискутираше за предизвиците, решенијата и стратешкиот пристап кон развивање на институцијата која обезбедува еднаквост во нашата држава
Менторската програма е организирана во рамки на проектот "Борба против дискриминација преку поддршка на КСЗД" поддржан од Британската Амбасада во Скопје.
Дата: 20.05.2022
На 19 и 20 мај се одржа обука на тема "Спроведување на јавни набавки, законодавна рамка и практики во Република Северна Македонија" наменета и креирана према потребите на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.
Оваа обука се спроведува во рамки на проектот " Борба против дискриминација преку поддршка на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација" поддржан од Владата на Обединетото Кралство преку Британската амбасада во Република Северна Македонија.
Зајакнувањето на капацитетите на КСЗД е една од целите на проектот. Оваа обука оди во таа насока на значајна тема која е клучна за транспарентно и ефикасно работење на државните институции.
Дата: 19.05.2022
Центарот за управување со промени (ЦУП) во рамки на проектот „Мерки за зајакнување на женски бизниси по Ковид-19“ поддржан од USAID North Macedonia и Balkan Trust for Democracy, организираше изложба „жени во занаетчиство“ под покровителство од сопругата на Претседателот на Република Северна Македонија г-ѓа Елизабета Ѓоргиевска.
Изложбата беше организирана од 16 до 17 мај 2022 година на платото во резиденцијата на Претседателот на Република Северна Македонија.
Настанот беше отворен на 16 мај 2022 со поздравни говори од страна на Извршната директорка на ЦУП Неда Малеска Сачмароска, Сопругата на Претседателот на РСМ г-ѓа Елизабета Ѓоргиевска, Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, Амбасадорката на САД во РСМ Kate Marie Byrnes и Претседателката на Занаетчиска Комора Анета Атанасовска.
Изложбата на 17 и 18 мај 2022 беше од отворен карактер за посета на претходно пријавени посетители. Настанот беше посетена од страна на Претседателот на државата Стево Пендаровски, група пратенички од Собранието на РСМ, студенти и средношколци.
Присутните се запознаа со културата, традицијата и уметноста кои во себе ги носат уникатните производи на жените занаетчии. Но, најважно е тоа што сите го препознаа значењето на женското претприемништво и потребата од негова понатамошна поддршка и развој.
Дата: 11.05.2022
ЦУП беше дел од завршната конференција на проектот „Младинска вклученост во конструктивен дијалог: Комунистичко минато во современиот Западен“, која се одржа на Медитеранскиот Универзитет во Тирана.
Настанот имаше две панел дискусии кои се фокусираа на справување со комунистичкото минато, улогата на младите и полити
Говорниците даваат анализа и дискутираат од различни перспективи. Панелистот претставник од ЦУП проф. д-р Наталија Шикова имаше излагање на темата „Од комунизам до демократија - развојот на македонското мултикултурно општество“
Нашата цел како организација е да придонесеме кон промени во општеството преку подобри јавни политики. Разгледајте ги истражувањата низ нашите објавени публикации.
Повеќе за нашите публикации keyboard_arrow_rightПрограмата за парламентарна поддршка дава поддршка Собранието на Република Северна Македонија во неговите напори за независност преку градење на консензус, структурни реформи и градење на капацитетите за институционален развој на Собранието, неговата законодавна и надзорна улога, неговата институционална транспарентност и отчетност.
Програмата за парламентарна поддршка е имплементирана од Националниот демократски институт (НДИ), Центарот за управување со промени и Институтот за демократија Социетас цивилис (ИДСЦС) со цел поддршка на стратешкото планирање на Собранието; реформите на системот за управување со човечки ресурси; подобрување на проценката на влијание на регулативата и процесите за јавни набавки; заложбите за отворени податоци и преку мерење на јавното мислење и мониторирање на реформските напори, вклучително и поголемо учество на јавноста во процесите на креирање политики.
Период: 01.07.2018 - 31.12.2029
Донатор:
Швајцарска агенција за развој и соработка
Градење на силна и професионална Комисија, која ќе биде поддржана од силна и професионална стручна служба. Предуслов за ефективно делување на КСЗД не е само Законот за спречување и заштита од дискриминација, туку и функционирање на службата што обезбедува основна поддршка за работата на членовите. Активностите предвидени во првата година од проектот ќе придонесат за воспоставување соодветна организациска структура заснована на функционална анализа, развој на детални описи на работни места со јасно дефинирани цели и задачи, но исто така и неопходни основни и специфични компетенции, развој на јасни, прецизни и ефикасни работни процедури во врска со случаи на дискриминација, градење систем за собирање и анализа на податоци од областа на дискриминација, како и утврдување на алатките и механизмите преку кои ќе се споделуваат информации со јавноста и јавната свест во областа зајакнати. Активностите поврзани со градење и зајакнување на капацитетите на членовите на КСЗД и вработените во стручната служба, се предвидени во втората година од спроведувањето на проектот, ќе овозможат независна работа на институцијата со цел да се заштитат правата и слободите на граѓаните и ќе дадат активен придонес за градење еднакви можности и пристап до ресурси за сите.
Период: 01.06.2021 - 31.03.2023
Донатор:
Проектот е финансиран од Владата на Обединетото Кралство, преку Британската амбасада Скопје
Проектот „Мерки за зајакнување на женски бизниси по КОВИД-19“ е насочен кон развој на женското претприемништво и спроведување на активности, изнаоѓање решенија и нудење предлог мерки за ревидирање на постоечките владини програми кои што се насочени кон деловниот сектор, со цел да се олеснат економските последици кои произлегоа од кризата COVID-19, со посебен фокус на поддршка на женското претприемништво.
Проектот се спроведува во три општини (Скопје, Охрид и Битола) од јули 2021 година и ќе трае до август 2022 година.
Главната цел на проектот е да се идентификуваат последиците и предизвиците со кои се соочиле жените претприемачки во услови на Ковид и да се обезбеди целосна поддршка во надминување на овие последици, унапредување на постоечките бизнис практики, воведување на нова технологија и дигитализација на процесите и политиките на управување. Идејата е да се обезбедат долгорочни решенија за раст и развој на женските бизниси и да се пренесат добри практики кај oстанатите бизниси погодени од Ковид кризата. За таа цел, ќе се работи со идентификувани 9 претпријатија во сопственост на жени, преку процес на осум месечно менторство од страна на експерти од повеќе области.
Период: 15.07.2021 - 16.07.2022
Донатор:
The Balkan Trust for Democracy
Проектот Вклучување на младите во конструктивен дијалог: Комунистичко минато во современ Западен Балкан е проект финансиран од Програмата Европа за граѓаните, Европско сеќавање.
Вклучува студенти, практичари и академици од Албанија, Македонија, Франција и Италија и има за цел да го поттикне националниот и транснационалниот младински активистички дијалог за одразот на минатите комунистички режими во современиот Западен Балкан (ЗБ).
Активностите на проектот предвидуваат различни тематски 4 работилници во 4 различни земји кои се занимаваат со темите што го рефлектираат минатиот комунистички режим (како што се правила, норми, права, практики и обичаи); националните идентитети и колективната меморија во проширената Европа; политичката култура и социјалните промени во посткомунистичката транзиција, завршувајќи со конференцијата што ќе се фокусира на посткомунизмот и демократијата во ЗБ.
Проектот е партнерство помеѓу Центарот за компаративни и меѓународни студии CCIS; Mesdheu Center (MC) Qendra SHKENCE DHE INOVACION PER ZHVILLIM (SCiDEV) (од Албанија); Центар за управување со промени (од Северна Македонија); Patrimoine sans Frontières (PSF) (Франција) и PERIPLI -Culture e Società Euromediterranee (Италија)
Период: 01.02.2021 - 01.07.2022
Донатор:
Програмата Европа за граѓаните
Институционалниот грант е поддржан од страна на програмата Цивика мобилитас, која е проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), претставена од Швајцарската амбасада во Република Северна Македонија. Грантот му овозможува на ЦУП да спроведе активности за институционален развој и организациско јакнење.
Период: 01.07.2019 - 30.06.2022
Донатор:
Цивика мобилитас - Швајцарска агенција за развој и соработка
Програмат на УНИЦЕФ во РСМ во периодот 2020-2025 се фокусира на политики релевантни на децата, примарно здравствени, социјална заштита и образование. Предложената соработка се вбројува во очекуваните резултати повразни со здравство. УНИЦЕФ детектираше дека „во здравствениот секотр“ има недоволен акцент врз превентивната и примарната грижа и владата главно се фокусираше на градење болници, набавување на скапа опрема и имаше бенефит од неправилни набавки. Придонесот на ЦУП ќе опфати aспекти поврзани со институционална организација и развој, развој на човечкиот капитал, поточно систематизација на работни позиции, опис на работни позиции и копетенции (општи и професионални) како и менаџмент на перформансите и проценки. Подобрено функционирање на Патронажната служба како дел од здравствениот сектор, значајно и индиректно ќе придонесе кон благосостојбата на децата во државта.
Период: 01.11.2021 - 01.06.2022
Донатор:
УНИЦЕФ
Крајниот резултат на проектот ќе биде подобрување на ефективноста и ефикасноста на МО преку функционално управување со јавните набавки. Среднорочно и долгорочно, развиениот е-систем за управување со јавни набавки треба да овозможи навремено планирање и подготовка на набавки и успешна имплементација на тендерските постапки со стандардизирани документи, притоа минимизирајќи го ризикот од корупција и судир на интереси. Вистинскиот процес за јавни набавки го презема Бирото за јавни набавки, така што овој проект ќе го подобри планирањето и координацијата на набавките.
Период: 15.09.2021 - 31.03.2022
Донатор:
Проектот е финансиран од Владата на Обединетото Кралство, преку Британската амбасада Скопје
Фокусот на овој проект ќе биде дополнително дигитализирање на услугите во образовниот сектор, кои често се користат и можат да имаат поголемо влијание и за корисниците и за МОН како давател на услуги. Проектот ќе опфати целосна дигитализација на овие услуги (достигнување на трансакциско ниво според одредниците на ЕУ), обезбедувајќи поддршка во реорганизирање на внатрешните процеси во МОН за овие услуги, градење на капацитети на администрацијата во МОН за администрирање на услугите и дизајнирање и испорака на промотивна кампања за мотивирање на релевантните групи на корисници на е-услугите.
Период: 01.10.2021 - 31.03.2022
Донатор:
Проектот е финансиран од Владата на Обединетото Кралство, преку Британската амбасада Скопје
Центарот за управување со промени ја подржувa мисијата на СИГМА за годишна оценка на напредокот на јавната администрација во Република Севрна Македонија за 2021 година, преку обезбедување на локална експертиза и логистика на персоналот и меѓународните експерти ангажирани од СИГМА. Активностите вклучуваа поддршка на Министерството за информатичко општество и администрација во организација и координација на состаноци со релевантните институции, обезбедување на релевантни документи, преглед и анализа на доставената документација од институциите и поддршка на подготовката на извештајот на СИГМА.
Период: 15.03.2021 - 30.06.2021
Донатор:
СИГМА- ОЕЦД
Период: 15.03.2021 - 30.06.2021
Донатор:
СИГМА- ОЕЦД
Портал за женско претприемништво - womenpoweron.mk
Национален портал за отворени податоци - data.gov.mk
Веб портал за следење на резултатите во добро управување на општините - оpstina.mk
Веб портал за поврзување на МСП со мулти-национални компании - kompanii.mk
Веб портал за истражувачки стории - istrazi-fakti.org.mk
Веб портал за оценка на јавните услуги - javni-uslugi.mk