Проекти
Програма за парламентарна поддршка
Програмата за парламентарна поддршка, дава поддршка на Собранието на Република Северна Македонија во неговите напори за независност преку градење на консензус, структурни реформи и градење на капацитетите за институционален развој на Собранието, неговата законодавна и надзорна улога, неговата институционална транспарентност и отчетност.
Програмата за парламентарна поддршка е имплементирана од Националниот демократски институт (НДИ), Центарот за управување со промени и Институтот за демократија Социетас цивилис (ИДСЦС) со цел поддршка на стратешкото планирање на Собранието; реформите на системот за управување со човечки ресурси; подобрување на проценката на влијание на регулативата и процесите за јавни набавки; заложбите за отворени податоци и преку мерење на јавното мислење и мониторирање на реформските напори, вклучително и поголемо учество на јавноста во процесите на креирање политики.
Период 01.07.2018 - 31.08.2027
Донатор: Швајцарска агенција за развој и соработка
Краен корисник на проектот: Собрание на Република Северна Македонија
Главна цел:
Програмата за парламентарна поддршка цели кон поддршка на Собранието за подобрување на институционалниот кредибилитет и довербата меѓу јавноста преку застапување на интересите и потребите на граѓаните и преку дебата и одлуки до кои ќе се доаѓа на поинклузивен и консензуален начин.
Очекувани резултати:
- Институционалниот систем за проверка и рамнотежа (checks and balances) е зајакнат
- Работата на Собранието е поефикасна
- Собранието спроведува политичка контрола и надзор над Владата и другите јавни служби
- Собранието донесува квалитетни закони засновани на добри аналитички информации според предвидлив собраниски календар
- Собранието има подобрени акти за вклучување на граѓаните
- Собранието подобро ги информира граѓаните, вклучувајќи ги и маргинализираните групи за својата работа
- Собранието активно ги вклучува и комуницира со граѓаните/маргинализираните групи и граѓанските организации
- Граѓаните, вклучувајќи ги и маргинализираните групи имаат зголемени познавања за своите граѓански права и одговорности во процесот на креирање политики
Проектот е финансиран од Швајцарска агенција за развој и соработка.
Публикации од проектот
Истражување за перцепцијата на граѓаните во однос на примената на етичкиот кодекс од страна на пратениците
Институционални механизми за примена на кодексот на однесување (Компаративен преглед) Велика Британија, Република Малта, Република Албанија, Република Грузија, Соединетите Американски Држави
Препораки за безбедна работа и реорганизација на работните процеси во Собранието на Република Северна Македонија
Празни дискусии или говори засновани на јасна оправданост: Компаративна анализа на нивото на аргументираност на дискусиите во парламентите на Северна Македонија,Словенија и Европскиот Парламент
Галерија на проектот
Презентирани две нови веб платформи за унапредување на отвореноста и дигиталната комуникација на законодавниот дом
Обука во Собранието на Република Северна Македонија - Спроведување на обука од мала вредност- е-пазар v.s. оглас за јавна набавка
Работилница за Кодексот за етичко однесување на пратениците и Упатството за примена на Етичкиот кодекс
Комплетиран процесот на имплементација на CAF моделот за управување со квалитет во Собранието на Република Северна Македонија
Програма за Парламентарна поддршка -Поддршка на парламентот во креирањето на Акциониот план за отворено владино партнерство 2020-2022.
Договор за финансиски придонес во износ од 1.637.207,00 швајцарски франци во рамки на "Parliament Support Programme"
Директорот за иновации на Националниот демократски институт, Крис Дотен, ја посети Северна Македонија
Реформа во менаџментот на човечки ресурси- ЦУП фасилитатор во симулацијата на проценка на влијанието на регулативата
Видео
Гостување на извршната директорка на ЦУП Неда Малеска Сачмароска во емисијата 25минути на ТВ 24 вести
Пратениците имаат право и потреба на патни трошоци во извршување на нивните работни задачи, но кај нас проблемот е што патните трошоци на пратениците не подлежат на никакви ограничувања.
Извршната директорка на ЦУП Неда Малеска Сачмароска во емисијата 25минути на ТВ24.
Бараме поскоро да се донесе новиот етички кодекс и упатството за негова примена каде се регулира сивата зона меѓу она што е законски утврдено право од една страна и она што е морално и етичко однесување на пратениците од друга страна.
Новиот етички кодекс содржи регистри како механизми за подобрување на транспарентноста на Собрание на Република Северна Македонија како што е регистар на подароци и регистар на интереси. Вклучително и доверливо советување, во случај на непостапување според морални и етички принципи. На овој начин се зголемува отчетноста и транспарентноста на Собранието и се намалуваат можностите за каква било злоупотреба.
Етичкиот кодекс како и упатството за негова примена ги изработивме во рамки на Parliament Support Programme спроведена од NDI North Macedonia , Institute for Democracy 'Societas Civilis' Skopje и Центарот за управување со промени а поддржан од Embassy of Switzerland in North Macedonia
Собранието во наредните 10 години ќе биде дел од Програмата за парламентарна поддршка
Собранието на Република Северна Македонија во наредните 10 години ќе биде дел од Програмата за парламентарна поддршка (ПСП) поддржана од Швајцарија. Целта на проектот е Собранието да ги зацврсти институционалниот кредибилитет и доверба кај јавноста преку застапување на интересите и потребите на граѓаните.











.jpg)








.jpg)











