Дата: 01.11.2024
Од 30 октомври до 01 ноември 2024 година, во просториите на Собранието на Република Северна Македонија ЦУП го организираше првиот хакатон на тема „Дигитален мост“, во чиј рамки млади лица од областа на информатичките технологии поделени во пет тимови интензивно работеа на изнаоѓање на идејно решение за зајакнување на транспарентноста и отвореноста на Собранието кон граѓаните.
Учесниците беа дел од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), Brainster и Semos Academy.
Комисија составена од пет члена експерти во процеси на дигитална трансформација во јавниот сектор имаа тешка задача да одлучуваат кој тим понуди најдобро дигитално решение. Беше задоволство да се поминат три дена во размена на мислења со брилијатни млади луѓе кои имаат фантастични идеи!
Сите тимови понудија исклучително креативни и корисни дигитални решенија, но комисијата како победник го избра тимот 2 на Brainster.
Срдечно им честитаме на сите учесници на хакатонот, им посакуваме многу успех и ги повикуваме и поттикнуваме да придонесуваат кон создавање позитивни општествени промени со своите брилијантни идеи, бидејќи на овој хакатон покажаа дека тоа можат да го направат.
Овој хакатон се одржа во рамки на проектот Parliament Support Programme кој е поддржан од Embassy of Switzerland in North Macedonia и во заедничка организација со Собрание на Република Северна Македонија како институција во која се спроведува оваа програма.
Во рамки на Parliament Support Programme програмата беше развиен порталот на отворени податоци на Собранието.
Овој хакатон ги користеше податочните сетови на порталот за отворени податоци како и националниот портал и порталот за отворени финансии.
Дата: 21.10.2024
Извршната директорка на ЦУП Неда Малеска Сачмароска и финансиската директорка на ЦУП Весна Бочварска Цветковска учествуваат на OECD Global Forum on Building Trust and Reinforcing Democracy Agenda
Една од темите на Глобалниот форум на ОЕЦД 2024 е прашањето што треба да направат владите за да ја засилат довербата на граѓаните во јавните институции.
Акцент исто така беше ставен и на следните теми:
• Демократијата не може да биде наметната, мора да ја поседувате;
• Владите треба да демонстрираат одговорност и да испорачаат резултати за граѓаните;
• Граѓаните мора да имаат чуство дека владата и институциите им припаѓаат и работата за нив.
• Оние кои ги предводат институциите мора да демонстрираат највисоко ниво на институцијална етика и интегритет – граѓаните мора да увидат и да веруваат дека оние кои ги предводат институциите работат за граѓаните, а не за себе;
• Административните службеници и вработените во јавниот сектор го следат и пресликуваат (не)етичкото однесување на оние кои ги предводат институциите
• Граѓаните мора да ги зајакнат своите капацитети за да бидат присутни, да предлагаат, да ги обликуваат и да бидат дел од реформите
• Владите и институциите мора да ја отсликуваат структурата на општеството, а разните групи граѓани (малди, жени, припадници на разни етнички групи итн) и да бидат соодветно застапени.
Истражувањата на Центарот за управување со промени (ЦУП) континуирано ги адресираат токму овие теми, а препораките од истражувањата даваат практични и прецизни предлози за подобрување на состојбите во јавната администрација во Република Северна Макеоднија, со посебен акцент на испораката на резултати од страна на институциите како клучен фактор за стекнување на довербата кај граѓаните.
#ЦУП #CCM #OECD #ReinforcingDemocracy #ЈавнаАдминистрација #PublicAdministration #Демократија #Democracy #ГраѓанскоОпштетсво #CivilSociety #ЈавниПолитики #PublicPolicy
Дата: 11.10.2024
Тимот на ЦУП во рамки на проектот на УСАИД „Партнерство против корупција“ изминатиот период активно ја поддржуваше Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер во спроведување на CAF процесот, односно, Common Assesment Framwork.
Транспарентноста на институциите од јавниот сектор е клучна компонентна во борбата против корупцијата, бидејќи транспаренте и отчетен јавен сектор овозможува зајканата (правна и политичка) одговорност на институциите. Овој процес е исклучително важен за зајканување на капацитетите на Агенцијата во гарантирање на транспарантноста, внатрешната организација и ефикасноста во испораката на услугите за граѓаните.
Преку CAF процесот вработените во Агенцијата ги идентификуваа слабите и силните страни во работењето, а процесот беше завршен со израбтка на темелни препораки кои Агенцијата ќе треба да ги имплементира.
Дата: 09.10.2024
Во рамки на проектот USAID's Partnership Against Corruption Activity , а во соработка со Државна комисија за спречување на корупцијата , на 09.10.2024 година, тимот на ЦУП ги презентираше наодите од истражувањата за состојбите со (зло)употребата на дискреционите овластувања од страна на јавната администрација како и специфичните наоди за секторот јавно здравство, пред претставници од централните институции на јавниот сектор од различни области. Поточно, истражувањата се фокусираат на постапките за вработување во јавната администрација, именување на високи раководни структури, постапките за вработување во јавното здарвство како и постапките за давање на услуги во областа на јавното здравтво.
Наодите од истражувањата укажуваат на реалниот ризик од корупција во случаи на злоупотреба на диксреционите овластувања, а препораките упатуваат на конкретни решенија преку кои може ефективно да се намали риизкот од корупција во органите на државната управа како и институциите од специфичниот сектор јавно здравство.
Проектот се залага за зајакнување на знаењето на службениците за правилна примена на дискреционите овластувања, со цел намалување на корупцијата и гарантирање на правната сигурност на граѓаните.
Дата: 06.10.2024
Тимот на Центарот за управување со промени (ЦУП) имаше можност да присуствува на AI TECH SUMMIT 2024, каде слушавме говори од некои од лидерите во областа на вештачка интелигенција. Слушнавме од Директорот на ЕУ политика за AI од Амазон за новиот AI акт кој беше скоро донесен од Европската Унија. Исто така слушнавме од Директорката за AI од Мајкрософт од која дознавме со каква брзина се движи дигиталната свера, каде мора да прават неделни таргети за да може да се во тек со скоро дневните откритија. Го слушнавме мислењето и на Офицерот за етичко користење на AI од De Volksbank кој го сподели неговото искуство за вредноста на етичко користење на AI технологија како и регулативите кои се користат за да ги заштитат корисниците од AI алатки.
Новите технологии се значаен дел од системот на јавниот сектор кои може да се кроистат за подобра испорака на услуги за граѓаните, но и нивна заштита од злоупотреба на технологиите.
Дата: 06.10.2024
Тимот на ЦУП заедно со партнерите во рамки на проектото на УСАИД „Партенрство против корупција“ учествуваше на 20тиот маратон на Wizz Air организиран во Скопје, каде го рпомовираше приницпот на интегритет како основа на доброто управување и борбата против корупцијата.
Во втората фаза во периодот од 2024 до 2026 година, проектот има за цел да ја подобри родовата еднаквост и родово одговорното буџетирање (РОБ) во Северна Македонија преку континуирана поддршка и развој на Ресурсниот центар за родово одговорно креирање политики и буџетирање. Оваа иницијатива, предводена од UN Women и Министерството за труд и социјална политика (МТСП), а имплементирана од Центарот за управување со промени (ЦУП), има за цел да го унапреди капацитетот на државните службеници во интегрирање на родови перспективи во процесите на креирање политики и буџетирање. Основната цел е да се осигура дека владините политики и буџети ги рефлектираат и одговараат на потребите и на жените и на мажите, особено фокусирајќи се на најранливите групи.
Период: 01.06.2024 - 01.06.2026
Донатор:
UN Women
Корупцијата и патронажа во Северна Македонија опстојуваат, ја намалуваат довербата на граѓаните и инвеститорите во институциите, ја намалуваат одговорноста и транспарентноста, го попречуваат економскиот раст и придонесуваат за политичка кревкост и нестабилност. Корупцијата ги намалува економските можности за граѓаните и е примарен двигател на миграцијата низ целата земја. Корупцијата преовладува затоа што властите не дејствуваат за спроведување на реформите или за справување со корупцијата кога таа ќе се појави, а институциите се борат со неефикасни процеси и недоволни ресурси. Според извештаите за перцепцијата на јавноста, правосудниот систем не ги третира сите еднакво пред законот и прекумерното политичко влијание ја спречува правдата во случаите на корупција. Понатаму, граѓаните и бизнисите веруваат дека корупцијата е вкоренет дел од животот и не прават доволно за да бараат повеќе.
Оваа активност ја поддржува владата и другите антикорупциски субјекти да преземат активности за справување со корупцијата кога таа ќе се појави. Активноста работи во рамноправно партнерство со владата и независните државни субјекти за откривање, ублажување и спречување на корупцијата од секаков вид и бара одговорност од државните актери. Програмирањето ангажира независни државни субјекти да го подобрат функционирањето на владата, соработката и координацијата; зголемување на транспарентноста на начини кои ги намалуваат можностите за корупција; и поддршка на механизмите за одговорност во доменот на владата и независните државни механизми за одговорност. Активноста, исто така, создава можности преку диверзификација на антикорупциските партнерства, истражување на иновативни пристапи, алатки и технологии.
Период: 01.10.2023 - 01.09.2028
Донатор:
Агенцијата на САД за меѓународен развој
Проектот има за цел да го одржи доброто владеење на врвот на политичката агенда. Проектните интервенции се дизајнирани да ја анализираат моменталната состојба на работите во неколку области поврзани со отчетноста како еден од врвните приоритети во агендата на РЈА, како што се: подобрување на транспарентноста и отчетноста на јавните институции; одговорност за испорака на резултати и подобрување на надзорот на јавноста при спроведувањето на препораките од клучните институции и поголема ефикасност, ефективност и функционалност на институциите. Со оглед на тоа што одговорноста во модерната влада е клучна компонента на демократијата, продолжувањето на проектот ќе го задржи фокусот на принципите на добро владеење обезбедувајќи дека избраните функционери се одговорни за нивните постапки, особено за преземање структурни реформи и градење силна и ефикасна јавна администрација .
Период: 01.07.2023 - 30.06.2025
Донатор:
National Endowment for Democracy (NED)
Овој проект стреми да ја подобри координацијата и спроведувањето на владините политики, како и зајакнување на одговорноста од страна на институциите и да обезбеди севкупно поефективно функционирање на Владата. Ова може да се постигне преку воспоставени цврсти механизми за развој на политики засновани на докази, дефинирање на клучните индикатори за изведба (KPI) кои ќе се следат под координација на „Центар на Влада“, подобрени протоколи за внатрешна комуникација во рамките на назначената административна мрежа и ефективен систем на делегирање и одговорности. Еднакво важно е дека подоброто разбирање и свесност на граѓаните, медиумите и граѓанските организации за принципите на добро владеење ќе го зголеми притисокот врз владата да испорача поефективни политики со подобри резултати за граѓаните.
Конечно, подобреното владеење ќе ја зголеми отчетноста и транспарентноста на институциите и политичарите кон граѓаните на долг рок, со што ќе се ограничат можностите за корупција, политичко влијание и клиентелизам.
Затоа, општата цел на проектот е да создаде ефективни стандарди за управување и да го олесни процесот на синхронизирано планирање и спроведување на политиките засновани на докази.
Период: 15.12.2022 - 31.03.2025
Донатор:
Британска Амбасада во Скопје
Програмат на УНИЦЕФ во РСМ во периодот 2020-2025 се фокусира на политики релевантни на децата, примарно здравствени, социјална заштита и образование. Предложената соработка се вбројува во очекуваните резултати повразни со здравство. УНИЦЕФ детектираше дека „во здравствениот секотр“ има недоволен акцент врз превентивната и примарната грижа и владата главно се фокусираше на градење болници, набавување на скапа опрема и имаше бенефит од неправилни набавки. Придонесот на ЦУП ќе опфати aспекти поврзани со институционална организација и развој, развој на човечкиот капитал, поточно систематизација на работни позиции, опис на работни позиции и копетенции (општи и професионални) како и менаџмент на перформансите и проценки. Подобрено функционирање на Патронажната служба како дел од здравствениот сектор, значајно и индиректно ќе придонесе кон благосостојбата на децата во државта.
Период: 01.11.2021 - 01.06.2022
Донатор:
УНИЦЕФ
Фокусот на овој проект ќе биде дополнително дигитализирање на услугите во образовниот сектор, кои често се користат и можат да имаат поголемо влијание и за корисниците и за МОН како давател на услуги. Проектот ќе опфати целосна дигитализација на овие услуги (достигнување на трансакциско ниво според одредниците на ЕУ), обезбедувајќи поддршка во реорганизирање на внатрешните процеси во МОН за овие услуги, градење на капацитети на администрацијата во МОН за администрирање на услугите и дизајнирање и испорака на промотивна кампања за мотивирање на релевантните групи на корисници на е-услугите.
Период: 01.10.2021 - 31.03.2022
Донатор:
Проектот е финансиран од Владата на Обединетото Кралство, преку Британската амбасада Скопје
Крајниот резултат на проектот ќе биде подобрување на ефективноста и ефикасноста на МО преку функционално управување со јавните набавки. Среднорочно и долгорочно, развиениот е-систем за управување со јавни набавки треба да овозможи навремено планирање и подготовка на набавки и успешна имплементација на тендерските постапки со стандардизирани документи, притоа минимизирајќи го ризикот од корупција и судир на интереси. Вистинскиот процес за јавни набавки го презема Бирото за јавни набавки, така што овој проект ќе го подобри планирањето и координацијата на набавките.
Период: 15.09.2021 - 31.03.2022
Донатор:
Проектот е финансиран од Владата на Обединетото Кралство, преку Британската амбасада Скопје
Проектот „Мерки за зајакнување на женски бизниси по КОВИД-19“ е насочен кон развој на женското претприемништво и спроведување на активности, изнаоѓање решенија и нудење предлог мерки за ревидирање на постоечките владини програми кои што се насочени кон деловниот сектор, со цел да се олеснат економските последици кои произлегоа од кризата COVID-19, со посебен фокус на поддршка на женското претприемништво.
Проектот се спроведува во три општини (Скопје, Охрид и Битола) од јули 2021 година и ќе трае до октомври 2022 година.
Главната цел на проектот е да се идентификуваат последиците и предизвиците со кои се соочиле жените претприемачки во услови на Ковид и да се обезбеди целосна поддршка во надминување на овие последици, унапредување на постоечките бизнис практики, воведување на нова технологија и дигитализација на процесите и политиките на управување. Идејата е да се обезбедат долгорочни решенија за раст и развој на женските бизниси и да се пренесат добри практики кај oстанатите бизниси погодени од Ковид кризата. За таа цел, ќе се работи со идентификувани 9 претпријатија во сопственост на жени, преку процес на осум месечно менторство од страна на експерти од повеќе области.
Период: 15.07.2021 - 15.10.2022
Донатор:
The Balkan Trust for Democracy
Центарот за управување со промени ја подржувa мисијата на СИГМА за годишна оценка на напредокот на јавната администрација во Република Севрна Македонија за 2021 година, преку обезбедување на локална експертиза и логистика на персоналот и меѓународните експерти ангажирани од СИГМА. Активностите вклучуваа поддршка на Министерството за информатичко општество и администрација во организација и координација на состаноци со релевантните институции, обезбедување на релевантни документи, преглед и анализа на доставената документација од институциите и поддршка на подготовката на извештајот на СИГМА.
Период: 15.03.2021 - 30.06.2021
Донатор:
СИГМА- ОЕЦД
Период: 15.03.2021 - 30.06.2021
Донатор:
СИГМА- ОЕЦД
Проектот Вклучување на младите во конструктивен дијалог: Комунистичко минато во современ Западен Балкан е проект финансиран од Програмата Европа за граѓаните, Европско сеќавање.
Вклучува студенти, практичари и академици од Албанија, Македонија, Франција и Италија и има за цел да го поттикне националниот и транснационалниот младински активистички дијалог за одразот на минатите комунистички режими во современиот Западен Балкан (ЗБ).
Активностите на проектот предвидуваат различни тематски 4 работилници во 4 различни земји кои се занимаваат со темите што го рефлектираат минатиот комунистички режим (како што се правила, норми, права, практики и обичаи); националните идентитети и колективната меморија во проширената Европа; политичката култура и социјалните промени во посткомунистичката транзиција, завршувајќи со конференцијата што ќе се фокусира на посткомунизмот и демократијата во ЗБ.
Проектот е партнерство помеѓу Центарот за компаративни и меѓународни студии CCIS; Mesdheu Center (MC) Qendra SHKENCE DHE INOVACION PER ZHVILLIM (SCiDEV) (од Албанија); Центар за управување со промени (од Северна Македонија); Patrimoine sans Frontières (PSF) (Франција) и PERIPLI -Culture e Società Euromediterranee (Италија)
Период: 01.02.2021 - 01.07.2022
Донатор:
Програмата Европа за граѓаните
Институционалниот грант е поддржан од страна на програмата Цивика мобилитас, која е проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), претставена од Швајцарската амбасада во Република Северна Македонија. Грантот му овозможува на ЦУП да спроведе активности за институционален развој и организациско јакнење.
Период: 01.07.2019 - 30.06.2022
Донатор:
Цивика мобилитас - Швајцарска агенција за развој и соработка
Програмата за парламентарна поддршка, дава поддршка на Собранието на Република Северна Македонија во неговите напори за независност преку градење на консензус, структурни реформи и градење на капацитетите за институционален развој на Собранието, неговата законодавна и надзорна улога, неговата институционална транспарентност и отчетност.
Програмата за парламентарна поддршка е имплементирана од Националниот демократски институт (НДИ), Центарот за управување со промени и Институтот за демократија Социетас цивилис (ИДСЦС) со цел поддршка на стратешкото планирање на Собранието; реформите на системот за управување со човечки ресурси; подобрување на проценката на влијание на регулативата и процесите за јавни набавки; заложбите за отворени податоци и преку мерење на јавното мислење и мониторирање на реформските напори, вклучително и поголемо учество на јавноста во процесите на креирање политики.
Период: 01.07.2018 - 31.12.2029
Донатор:
Швајцарска агенција за развој и соработка
Нашата цел како организација е да придонесеме кон промени во општеството преку подобри јавни политики. Разгледајте ги истражувањата низ нашите објавени публикации.
Повеќе за нашите публикации keyboard_arrow_rightЗдружението за развој Центар за управување со промени е непрофитна, невладина организација која промовира разбирање и ненасилни промени во општеството. Организацијата се фокусира на меки мерки и политики кои им помагаат на различни ентитети да ги прифатат промените во општеството како нормални ситуации и да ги претворат во позитивни резултати. Организацијата верува дека зајакнувањето на капацитетите на јавната администрација, граѓанскиот сектор, бизнис заедницата, евро - интеграцијата и инвестирањето во луѓето се главни агенти за промена во општеството.
Повеќе за нас keyboard_arrow_rightПлатформа за следење на предизборни ветувања - odgovornavlada.mk
Портал за женско претприемништво - womenpoweron.mk
Национален портал за отворени податоци - data.gov.mk
Веб портал за следење на резултатите во добро управување на општините - оpstina.mk
Веб портал за поврзување на МСП со мулти-национални компании - kompanii.mk
Веб портал за истражувачки стории - istrazi-fakti.org.mk
Веб портал за оценка на јавните услуги - javni-uslugi.mk