Преосмислување на управувањето | ЦУП
Сподели

Преосмислување на управувањето

Овој проект стреми да ја подобри координацијата и спроведувањето на владините политики, како и зајакнување на одговорноста од страна на институциите и да обезбеди севкупно поефективно функционирање на Владата. Ова може да се постигне преку воспоставени цврсти механизми за развој на политики засновани на докази, дефинирање на клучните индикатори за изведба (KPI) кои ќе се следат под координација на „Центар на Влада“, подобрени протоколи за внатрешна комуникација во рамките на назначената административна мрежа и ефективен систем на делегирање и одговорности. Еднакво важно е дека подоброто разбирање и свесност на граѓаните, медиумите и граѓанските организации за принципите на добро владеење ќе го зголеми притисокот врз владата да испорача поефективни политики со подобри резултати за граѓаните.

Конечно, подобреното владеење ќе ја зголеми отчетноста и транспарентноста на институциите и политичарите кон граѓаните на долг рок, со што ќе се ограничат можностите за корупција, политичко влијание и клиентелизам.

Затоа, општата цел на проектот е да создаде ефективни стандарди за управување и да го олесни процесот на синхронизирано планирање и спроведување на политиките засновани на докази.

Период 15.12.2022 - 31.03.2025

Донатор: Британска Амбасада во Скопје

Краен корисник на проектот: Влада на Република Северна Макеоднија

Главна цел:

Редизајнирање систем на управување за подобрена координација и следење на работата на Владата

Подигнување на свеста за важноста на стандардите за добро владеење кај креаторите на политиките, граѓанските организации, медиумите и граѓаните

Зајакнување на капацитети на избрани членови на јавната администрација за следење на работата на Владата и испорака на резултати

Очекувани резултати:

Предлог модел за редизајниран систем на управување за да се обезбедат подобри резултати од политиката за сите граѓани


Дефинирани национални стандарди и алатки за добро управување


Развиена институционална поставеност и електронски систем за управување

 

Стратешка комуникација за едуцирање на креаторите на политики, граѓанските организации и граѓаните за значењето на стандардите за добро управување со јавните политики


Градење на капацитетите на јавната администрација во спроведувањето на стандардот за добро управување



Галерија на проектот

Презентација на новиот модел за следење на спроведувањето на јавните политики и вредностите на јавната администрација

Работилница - Решенија за унпаредување на Деловникот за работа на Владата на Република Северна Македонија

Работилница за решенија за унапредување на Деловникот на Владата на Република Северна Макеоднија

Средба со Заменичката на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска

Работилница за проблемска анализа за процесите кои се уредени со Деловникот на Владата на РСМ

Работна средба со државните секретари на Министерствата и генералниот секретар на Влада

Работилница - Коориднирање на политиките од страна на „Центар на Влада“

Панел дискусија „Преосмислување на управувањето“

Видео

odgovornavlada.mk - Програмската координаторка на ЦУП Искра Белчева Ристовска за „Утринска на Телма“

Гостување на програмската координаторка на ЦУП Искра Белчева Ристовска на „Утринска на Телма“ по повод пилотирањ на интерактивната платформа за следење на работата на Владата odgovornavlada.mk .

Гостување на извршната директорка на ЦУП Неда Малеска Сачмароска во емисијата „Programi 200“ на ТВ Алсат

Гостување на извршната директорка на ЦУП Неда Малеска Сачмароска во емисијата „Programi 200“ на ТВ Алсат по повод:

- Ефективноста на реорганизацијата на управата,
- Квалитетот на високата раководна служба и (зло)употребата на институтот в.д. директор,
- Вредностите според кои треба да се раководи јавниот сектор во управувањето со јавните работи и испорака на резулатати за граѓаните.

Гостување на истражувачката во ЦУП Анета Иванова Стојаноска во „Утринска на Телма“

Гостување на истражувачката во ЦУП Анета Иванова Стојаноска во „Утринска на Телма“, по повод Програмата за работа на Влада 2024-2028 година. За тоа колку истата ги содржи предизборните ветувања и мерливи индикатори и за тоа како ЦУП во наредниот период ќе го следи спроведувањето на Програмата преку платформата odgovornavlada.mk.

Гостување на извршната директорка на ЦУП Неда Малеска Сачмароска во емисијата „25 Минути“

Гостување на извршната директорка на ЦУП Неда Малеска Сачмароска во емисијата „25 минути“, по повод реорганизацијата на органите на државната управа, оптимизација на јавниот сектор, алатката „балансер“ и ветувањата во Програмата з аработа на Владата 2024-2028 година.

Програмската координаторка на ЦУП Искра Белчева Ристосвка во емисија на 360 степени

Гостување на програмската кородинаторка на ЦУП Искра Белчева Ристовска во емисијата „360 степени“, во врска со Програмата за работа на Владата за периодот 2024-2028 година и колку во неа се задржани предизборните ветувања и за како ЦУП ќе го следи спроведувањето на Програмата преку интеркативната платформа odgovornavlada.mk.

Платформата е зработена во рамки на проектот „Преосмислување на управувањето“ кој е спроведен од ЦУП, а поддржан од Владата на Обединетото Кралство преку Британската Амбасада во Скопје.

Гостување на програмската коориднаторка на ЦУП Искра Белчева Ристовска на ТВ Телма - Претставување на платформата odgovornavlada.mk

Гостување на програмската коориднаторка на ЦУП Искра Белчева Ристовска на утринската програма на ТВ Телма, со цел претставување на платформата odgovornavlada.mk , преку која ЦУП ги следи ветувањата на политичките партии на парламентарните избори 2024.

Платформата е зработена во рамки на проектот „Преосмислување на управувањето“ кој е спроведен од ЦУП, а поддржан од Владата на Обединетото Кралство преку Британската Амбасада во Скопје.

Гостување на извршната директорка на ЦУП Неда Малеска Сачмароска на ТВ Сител - odgovornavlada.mk

Гостување на извршната директорка на ЦУП Неда Малеска Сачмароска на емисијата „Тема на денот“ на ТВ Сител, по повод интерактивната платформа odgovornavlada.mk, преку која ЦУП ги следи ветувањата на полтиичките партии на парламентарните избори 2024. 

Платформата е зработена во рамки на проектот „Преосмислување на управувањето“ кој е спроведен од ЦУП, а поддржан од Владата на Обединетото Кралство преку Британската Амбасада во Скопје.

Програмската координатрка на ЦУП Искра Белчева Ристовска во емисијата Детектор на ТВ Сител

Извршната директорка на ЦУП Неда Малеска Сачмароска во емисијата Детектор на ТВ Ситела

Гостување во утринска програма на ТВ Телма на програмската координаторка во ЦУП Искра Белчева Ристовска

(онлајн) Работилница „Индикатори за перформанс и успех“ - Серија обуки за јавната администрација

Интервју со извршната директорка на ЦУП Неда Малеска Сачмароска на 25 Минути

Работилница „Лидерство насочено кон резултати“ - Серија обуки за јавната администрација

Во рамки на проектот „Преосмислување на управувањето“, Центарот за управување со промени (ЦУП) организира серија на обуки за јавната администрација. Оваа серија на обуки започна со онлајн работилницата насловена „Лидерство насочено кон промени“, предводена од Стивен Бејти, поранешен вработен во Единицата за следење на испораката на резултати при Канцеларијата на Премиерот на Велика Британија. На онлајн работилницата беа присутни претставници од сите централни институции во државата.

How things got done - во превод „како се завршуваа работите“ е сиже во една реченица од работата на Единицата за следење на испораката на резултати во кабинетот на Премиерот во Велика Британија (Prime Minister’s Delivery Unit).

Проектот „Преосмислување на управувањето“ е финансиран од UK International Development од страна на Владата на Обединетото Кралство преку Британската Амбасада во Скопје и е спроведен од Центарот за управување со промени (ЦУП) во соработка со Владата на Република Северна Македонија.

Панел дискусија „Преосмислување на управувањето“

ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk