Истражувања
Документ за политики - Препораки за унапредување на законската рамка за јавната администрација
Автор: Тимот на ЦУП
година: 2024
Примената на принципите на доброто управување и постигнувањето на високи професионални стандарди во работата на институциите од јавниот сектор е цел на секоја реформа на јавната администрација. Создавањето на ефикасни институции значи подобри практики во управувањето со институциите, вклучително и преземање на мерки за подобрување на одговорноста на институциите и спроведување на реформи со остварливи и прецизни резултати.
Институциите на Владата во Република Северна Македонија ја препознаваат реформата на јавната администрација како приоритет за градење ефикасни институции во служба на граѓаните, поради што реформата се наоѓа како висок приоритет во секоја владина гарнитура. Ваквиот став кон реформата е поттикнат и од истакнувањето на нејзината важност од страна на Европската комисија и СИГМА (заедничката иницијатива за ЕУ и ОЕЦД) во нивните оценки и препораки.
Во оваа област не беа направени големи поместувања во мандатот на претходната Влада, но истата подготви нови предлози на три клучни закони:
- Закон за вработените во јавниот сектор
- Закон за административните службеници
- Закон за стручно усовршување и обука на административните службеници
Слични публикации
Документ за политики - Девет месеци спроведување на Програмата за работа на Владата во област здравство
Документ за политики - Девет месеци спроведување на Програмата за работа на Владата во област образование
Документ за политики - Девет месеци спроведување на Програмата за работа на Владата во област дигитализација
Согледувања на приватниот сектор за програмата за работа на Владата 2024-2028 во област инфратсруктура
Согледувања на приватниот сектор за програмата за работа на Владата 2024-2028 во областа социјална политика
Согледувања на стопанските комори и приватниот сектор од областите земјоделство и енерегтика за програмата за работа на Владата 2024-2028









