Стандарди за добро управување во единиците на локалната самоуправа | ЦУП
Сподели

Стандарди за добро управување во единиците на локалната самоуправа

година: 2017

Нашата земја има повеќедецениска административна традиција и култура, којашто се приспособува на демократските промени во општеството, водејќи се од принципите на владеење на правото, транспарентност, стручност, стабилност, одговорност, предвидливост, еднаков третман, ефикасност и етичност. Ова стана особено видливо со процесот на децентрализација на власта, кога општините и градот Скопје многу успешно ги презедоа и ги ставија во функција надлежностите пренесени од страна на централната власт.

Вработените во јавниот сектор на локално ниво се дел од јавната адми­нистрација во државата, што значи дека подлежат под истата генерална нормативна рамка воспоставена со Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за административни службеници. Во поширок контекст тоа го вклучува и Законот за работни односи кој се однесува на вработените коишто немаат статус на административни службеници, но нивното работење во јавниот сектор наметнува обрска за почитување на стандардите и принципите коишто се однесуваат на сите вработени во јавната служба. Оттаму, локалната администрација ги споделува истите цели и принципи со сите административни службеници во државата, со што се обезбедува воспоставување воедначени стандарди не само на национално, туку и на европско ниво.

Ваквиот пристап обезбедува предвидливост и споредливост на функционалноста на јавната администрација во целост, како и на локалната администрација како нејзин сегмент, што е исклучително важно за развојните и интеграциските перспективи на земјата. 

Преземи Погледни

Слични публикации

ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk