Research
Leaflet
Author: Kristina Ilievska
year: 2020
Јавните услуги се во центарот на вниманието во современото општество поради тоа што нивното добро функционирање и достапност влијаат на квалитетот на животот на граѓаните и нивното чувство на „задоволен граѓанин“.
Квалитетното обезбедување на јавни услуги претставува дел од доброто владеење и е еден од клучните стимули за економски раст. Плаќањето данок, замената на личните документи на кои им истекол рокот, пријавувањето за социјална заштита се некои од наjчестите интеракции кои граѓаните ги имаат со извршната власт. Подобрувањето на квалитетот и пристапноста на јавните услуги за сите групи на граѓани, вклучително и ранливите групи, е од клучна важност за градење на довербата на граѓаните во институциите.






