Настава на далечина во Република Северна Македонија предизвици и идни чекори | ЦУП
Сподели

Настава на далечина во Република Северна Македонија предизвици и идни чекори

Автор:

година: 2020

Ковид-19 донесе нова реалност на светско ниво. Во обидот да се справат со т.н. „невидлив непријател“, пристапот на државите е различен, но во наглиот, општ удар врз економијата, образованието е еден од најпогодените сектори. За да го спречат ширењето на пандемијата, повеќето влади низ целиот свет привремено ги затворија образовните институции на сите нивоа. Последиците од принудниот прекин на наставата се далекосежни, а ваквата мерка директно влијаеше врз 60% од светската популација, односно врз онаа опфатена со образовниот процес.1 Преминот од кабинетска настава во електронска настава не е воопшто едноставен зафат, поради тоа што освен соодветна техничка инфраструктура и одредено ниво на познавање дигитални вештини, спроведувањето на процесот на учење бара и огромна поддршка од семејството. Ваквата ситуација создаде исклучителен стрес не само за наставниците, кои се втурнати во нова неочекувана задача, туку и за учениците бидејќи мораа да ги заменат дневните училишни активности и начинот на дружење со наставни задачи добиени по електронски пат. Секако, и многумина од родителите се најдоа под исклучителен притисок во обидот да им помогнат на децата колку е можно побргу и побезболно да се усогласат со рапидните промени.

Преземи Погледни

Слични публикации

ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk