Збирка на истражувања на испорака на јавни услуги на централно и локално ниво | ЦУП
Сподели

Збирка на истражувања на испорака на јавни услуги на централно и локално ниво

Автор:

година: 2020

Во оваа публикација се наоѓаат интегрално претставени 10 истражувања на тема „јавни услуги“ – нивен дизајн, начин на испорака, задоволство на граѓаните и проблеми на кои наидуваат граѓаните. Целта на оваа збирка на истражувања е да даде преглед на сите идентификувани проблеми, наоди, но и препораки од истражувачите за подобрување на испораката на услугите во повеќе одбрани општествени сфери. Препораките даваат основа за почетни чекори за подобрување на дел од анализираните услуги, а пред тоа и за отворање јавна дискусија за модернизација на услугите за граѓаните. Собранието има обврска да врши надзор на работата на јавните институции од функционален, финансиски и од аспект на реализација на зацртаните реформи, па оттука и на испораката на услугите кон корисниците, а основа за надзорните расправи можат да бидат податоците и информациите од граѓанските организации. Ваквата синергија претставува не само модерен начин на широко вклучување на граѓаните во креирање и следење политики, туку и заедничко засилено влијание за спроведување на реформи во корист на граѓаните. Истражувањата се изработени од претставници на локални граѓански организации во ракми на Програмата „Подобра испорака на јавните услуги за граѓаните преку активна вклученост на Собранието“, финансирана од Европската Унија и кофинансирана од програмата Цивика мобилитас.

Преземи Погледни

Слични публикации

ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk