Оваа методологија е подготвена во рамките на проектот „Мрежа 23“ и има за цел да ги постави процесите и да ги посочи методите и алатките за мониторинг и за евалуација на јавните политики од Поглавјето 23 – „Правосудство и фундаментални права од законодавството на Европската Унија“. Имајќи предвид дека методологијата треба да послужи за практична изработка на мониторинг и на евалуации на конкретни политики, во методологијата се дадени примери од Поглавјето 23. Иако освртот е даден на примери од ова поглавје, цениме дека е потребно да истакнеме дека процесите на мониторинг и на евалуација се универзални активности и се апликативни на сите видови политики, проекти и програми.