Протокол за постапување и работа на органите на државна управа во време на криза | ЦУП
Сподели

Протокол за постапување и работа на органите на државна управа во време на криза

Автор:

година: 2020

Кризата предизвикана од COVID-19 неминовно наметнува нова реалност во начинот на функционирање на институциите и организација на работните процеси, особено за органите на државната управа. Новите предизвици бараат промена на досегашните модели на работа и креирање на динамична работна средина, преку користење на дигитални технологии и работа од далечина, која ќе обезбеди непречено вршење на основните функции, а пред се на давањето услуги на граѓаните и бизнисите. Ова е особено важно доколку кризата продолжи и во наредниот период, што ќе доведе до повторна состојба на работа од далечина, заради намалување на ризикот од инфекции и ширење на вирусот. Затоа од исклучителна важност е органите на државната управа да се прилагодат на „новото нормално“, со флексибилни и дисперзирани модели на управување и унапредени технологии за да обезбедат балансирани, но и ефикасни работни процеси. Овој Протокол ги содржи клучните насоки кои органите на државната управа мора да ги преземат за да ја подобрат својата продуктивност, особено во услови на кризи, а врз основа и на компаративни најдобри практики од други земји во справување со оваа криза.

Преземи Погледни

ул. Рајко Жинзифов бр.44-1,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
Факс: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk