Народниот правобранител во заштита на правото на добра администрација | ЦУП
Сподели

Народниот правобранител во заштита на правото на добра администрација

Автор:

година: 2024

Цел на истражувањето е да се согледа улогата на Народниот правобранител во исполнувањето на принципите на добро управување во нашата земја, односно улогата на институцијата околу заштита и унапредување на правата на граѓаните кои произлегуваат од таа сфера.

Ова истражување ги опфати следниве истражувачки чекори:

  • Анализа на содржина/ деск истражување (анализа на документи и извештаи) документи за институционалната и правна поставеност на омбудсманот
  • Анализа на содржина/ деск истражување (анализа на документи и извештаи) за начинот на кој се водат извештаите на омбудсманот, нивната содржина односно кои аспекти ги опфаќаат т.е. на што се фокусираат
  • Компаративни согледувања и споредби со ЕУ Омбудсманот во однос на заштита на правото на добра администрација
  • Интервјуа со Народниот правобранител и неговите заменици околу утврдените слабости и можности за подобрување
  • Креирање опции и препораки за подобрување.

Преземените истражувачки чекори треба да ни одговорат на истражувачкото прашање, односно на сеопфатен начин да ја појаснат улогата на народниот правобранител во промоција на доброто управување и остварување на принципите на ефикасна и ефективна јавна администрација.

Преземи Погледни

Слични публикации

ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk