На 27 јуни 2018 година се одржа работилница за Методологијата за спроведување функционална анализа и за подготовка на План за подобрување, подготвена во рамки на проектот „Поддршка на процесот на реформите на јавната администрација“ поддржан од Британската амбасада Скопје. Методологијата беше подготвена од страна на Центарот за управување со промени со вклученост на Британската експертка Џери Рефо и во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација.
Функционалната анализа е предвидена да биде алатка за сеопфатно самооценување на квалитетот на работата во институциите заради подобрување на нивната ефикасност и ефективност, а со крајна цел подобрување на услугите за граѓаните. Во претходниот период методологијата беше тестирана преку спроведување на функционална анализа во неколку пилот министерства и беше прилагодена на контекстот на јавниот сектор. На работилницата учествуваа претставници на повеќе министерства, секретаријати и Агенцијата за администрација и придонесоа за усовршување на методологијата со својата дискусија базирана на искуство во управување со човечки ресурси во јавната администрација.
Дата: 01.11.2024
Дата: 06.10.2024