ЦУП контиунирано имплементира обуки во Ресурсниот центар за родово одговорно креирање политики и буџетирање, во чиј рамки ги опфаќа прашањата за тоа - Како се креира буџетот на државата и како да се вклучи и родовата перспектива? Што е родово одговорно буџетирање? Како се подготвува Родова буџетска изјава?
Ова се дел од прашањата во однос на родовото одговорно буџетирање и негова примена во секторските политики и програми.
Од 02 до 03 јуни 2022 година, беше реализирана основна обука за родово одговорно буџетирање и негова примена во секторските политики и програми.
Оваа обука беше предводена од д-р Бранка Минчева Коцевска и беа обработени основните термини и дефиниции во областа, како родовата еднаквост е составен дел на одржливиот развој и Рамката за јавни расходи и финансиска одговорност (PEFA) исто и буџетскиот циклус и влезните точки за родово одговорното буџетирање.
Учесниците преку вежби практично се запознаа со оваа материја, при што изработуваа родови буџетски анализи и изјави како и дефинираа родови индикатори и рамка за мониторинг, евалуација и известување за родово одговорно буџетирање.
Ресурсниот центар работи како дел од Министерство за труд и социјална политика поддржан од UN Women Skopje во рамки на проектот „Промовирање на родово одговорни политики и буџети: кон транспарентно, инклузивно и отчетно управување во Република Северна Македонија“.
Дата: 01.11.2024
Дата: 06.10.2024