Придобивки од членството на Македонија во ЕУ и НАТО | ЦУП
Сподели

Придобивки од членството на Македонија во ЕУ и НАТО

Дата: 25.09.2018

Членството во ЕУ и НАТО претставува нова преспектива за македонската економија. Македонија прв пат аплицираше за членство во ЕУ на 22 март 2004 година и на 17 декември 2005 Претседателството на Европскиот совет во Брисел на Македонија и додели статус на кандидат за членство во Европската Унија. Решавањето на проблемот со името е услов за пристапување кон унијата. На 17 јуни оваа година, министрите за надворешни работи Никола Димитров и Никос Коѕијас во Преспа ја потпишаа Преспанската спогодба за спорот за името, и на овој начин надминат е повеќедеценискиот спор со кој името е услов за пристапување кон ЕУ и НАТО. На 26 јуни оваа година Советот на министри на ЕУ одредија условен датум за почеток на преговори со Македонија. Исто така, на 11 јули  оваа година на самитот во Брисел, Македонија официјално доби покана да започне преговори за членство во НАТО. Наредна фаза во процесот на пристапување е добивање на датум за преговори за членство во Унијата. Процесот на преговори за членство во Европската унија за Република Македонија ќе значи окончување на процесот на приближување кон Унијата, усвојување на нејзините придобивки и вредности.

Активностите на ЕУ ги покриваат сите области на јавната политика, од здравството и економската политика до надворешната политика и одбраната. Да се биде дел од Алијансата и европското семејство е повеќекратна придобивка. Најголемата придобивка од влезот на Македонија во ЕУ и НАТО ќе се одрази во постепеното ослободување од партиските стеги, како на граѓаните, така и на институциите. Членството во НАТО и ЕУ ќе овозможи нови инвестиции кои ќе отворат нови работни места, а на тој начин ќе се запре трендот на иселување. Со членството во ЕУ, младите од Македонија ќе имаат полесен пристап до стипендии и школарини, можности за пракса, обука и специјализации во земјите на ЕУ. Исто така, ќе се обезбеди стабилност, безбедност и просперитет со повеќе инвестиции и повеќе пари во економијата. Тоа значи повеќе пари во економијата, нови подобро платени места и повисок животен стандард за сите граѓани. Членството во ЕУ е пристап до пазар од 500 милиони жители, новите инвестиции креираат нови работни места, кои проследено со инвестиции во новото знаење и технологија (know-how), како и реформите во образованието ќе придонесат за зголемување на конкурентноста на домашната економија. пристап до европско образование, европско здравство за сите граѓани на Република Македонија.

Ова се потврди низ примерите на сите земји што се интегрираа во ЕУ и НАТО изминативе години. Интеграцијата во НАТО има позитивно влијание врз развојот на инфраструктурата. Ќе се градат нови патишта, железници, комуникациски и енергетски системи. Покрај тоа, членството во НАТО ќе влијае позитивно и врз други сектори како што се информатичката и телекомуникациската индустрија, туризмот и образованието. Земјите членки на ЕУ и НАТО покажуваат поголем напредок во однос на кредибилноста на институциите, ефективност на владата, владеење на правото, слободата на изразување и контрола на корупцијата. Она што е најважно, со влезот на Македонија во ЕУ И НАТО македонскиот идентитет е загарантиран.

Центарот за управување со промени (ЦУП), ги издвои следните придобивки како најзначајни за Република Македонија во процесот на приклучување кон ЕУ и НАТО:

  • членството во НАТО и ЕУ значи зајакнување на геостратегиските позиции на Република Македонија. Како рамноправна членка во НАТО и ЕУ, ќе имаме можност за влијание и еднакво право во носење на одлуките во овие организации.
  • членство во НАТО ја зголемува безбедноста и стабилноста на земјата со што се создава подобра основа за економски раст и развој, долгорочната безбедност и политичка стабилност.
  • членството во НАТО и ЕУ ќе придонесе за поголема демократизација, подобро владеење и зголемена динамиката на реформите.
  • членството во ЕУ значи влез во еден од најголемите и најразвиени пазари на светско ниво, со што се зголемуваат перспективите за економски раст.
  • членството во НАТО и ЕУ придонесува за подобар и побрз напредок во структурните реформи за подобрување на деловната клима и за развој на приватниот сектор.
  • членството во НАТО и ЕУ доведува и до зголемување на вкупните инвестиции во земјата.
  • членството на НАТО и ЕУ е проследено со тренд на отворање на нови работни места и намалување на невработеноста.
  • членството во ЕУ значи и поттик за зголемување на конкурентноста и извозот.
  • членството во ЕУ и НАТО значи повисок животен стандард и подобар квалитет на живот за граѓаните.
  • членството во НАТО и ЕУ ќе се зголеми и финансиската помош од странство и од европските и меѓународните финансиски институции.

 

ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk