ЦУП преку проектот за Развој на микро-претпријатиja на жени во прекуграничната област учествуваше во организацијата на големиот промотивен настан на проектите поддржани во рамки на програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Албанија. Програмата е финансиски поддржана од Европската Унија во вкупна вредност од 3 милиони евра. Настанот имаше за цел промоција и унапредување на туризмот во прекуграничниот регион. Истиот беше организиран во Охрид и се одвиваше на неколку локации нудејќи повеќе различни содржини. Свеченото отворање и конференција се одржаа во хотелот Нова Ривиера, а целиот настан беше пропратен со изложбени штандови на проектите - 9 поддржани проекти и повеќе од 30 организации учеснички во програмата.
Дата: 01.11.2024
Дата: 06.10.2024