Повик за учество во фокус група | ЦУП
Сподели

Повик за учество во фокус група

Дата: 25.08.2021

ЦУП во рамки на проектот „Мерки за зајакнување на женски бизниси по Ковид-19" , организира фокус група која има за цел да ги идентификува проблемите со кои се соочуваат сите жени претприемачки во услови на Ковид кризата, со цел изработка на ефективни предлог мерки и политики за поддршка на женското претприемништво и економско зајакнување на жените претприемачки.

Фокус групата ќе се одржи на 04.09.2021 од 11:00 до 13:00 часот.

Искористете ја можноста да аплицирате за бесплатно менторство и маркетинг промоција на Вашиот бизнис.

Фокус групата и учеството може да биде:

Со физичко присуство во просториите на Центарот за управување со промени-ЦУП

ул.Рајко Жинзифов 44/1 и 

онлајн на следниот линк

https://us02web.zoom.us/j/85951206281...

--------------------------------------------------

Ве молиме потврдете го вашето учество на следната e-mail адреса: jasna.pajkovska@cup.org.mk

ул. Рајко Жинзифов бр.44-1,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
Факс: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk