ЦУП и МИОА на работна средба за проценката на влијанието на регулативата | ЦУП
Сподели

ЦУП и МИОА на работна средба за проценката на влијанието на регулативата

Дата: 29.05.2018

Во рамки на проектот “Поддршка на процесот на реформите во јавната администрација”, Центарот за управување со промени одржа работна средба со претставници на МИОА, агенцијата за администрација и државниот управен инспекторат.

Оваа работна средба беше посветена на интензивирање на активностите за подобрување на процедурите за проценка на влијанието на регулативата.  

На настанот кој се одржа во просториите на клубот на пратеници присуствуваа и претставници на мисијата на СИГМА а во фокусот на интересот беа законите за административни службеници и вработените во јавниот сектор и нивната усогласеност со другите материјални закони од ресорните министерства.

На учесниците на средбата им беше претставена и правната анализа за усогласеноста на законите во областа на јавната администрација и јавните услуги во неколку клучни сектори.

Беа формирани и работни групи кои ќе ги разгледаат областите од материјата која ја уредуваат двата закони а треба да ги детектираат и клучните проблематични точки и да понудат можни решенија за нивно надминување.

ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk