Програмската координарка на ЦУП Искра Белчева Ристовска панелист на настан за родова еднаквост во јавната администрација | ЦУП
Сподели

Програмската координарка на ЦУП Искра Белчева Ристовска панелист на настан за родова еднаквост во јавната администрација

Дата: 01.10.2024

UN Women Skopje на 30 Септември 2024 година организираше настан на кој беа презентирани и дискутирани неколку алатки, вклучително и Потсекторската родова анализа и Водичот за родова интеграција во секторот. Заедно со претставници/чки од Министерството за европски прашања, Министерството за јавна администрација, и други ресорни министерства како и претставници/чки граѓанското општество, разговаравме за предизвиците и можностите за учеството на жените во процесите на донесување одлуки. Темите опфатија вклученост на жените во развивањето јавни политики и стратегии, како и клучни фактори за унапредување на родовата еднаквост, во согласност со Родовиот акциски план на ЕУ.

Програмската координаторка на ЦУП Искра Белчева Ристовска како панелист на настанот даде свој осврт на родовиот аспект во јавната администрација и во специфичните процесите на креирање политики и буџети.

Центарот за управување со промени (ЦУП) активно го поддржува Ресурсен центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање од самиот почеток и има испорачано голем број на обуки од областа на приницпот на еднаквост и родовиот аспект во процесите а креирање политики и буџети за вработените во јавниот сектор од повеќе области.

Центарот за управување со промени (ЦУП) продолжува активно да придонесува кон зајакнување на родовото одговорно креирање на политики и буџети.

ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk