Завршна конференција на проектот „Граѓанинот на прво место“ | ЦУП
Сподели

Завршна конференција на проектот „Граѓанинот на прво место“

Дата: 18.05.2017

На 18 Март 2017 година (четврток), во хотелот Холидеј Ин, „Центарот за управување со промени – ЦУП” во партнерство со „Центарот за одржлив развој АЛКА” одржа завршна конференција на проектот „Граѓанинот на прво место”, финансиран од Европската Унија и кофинансиран од Британска амбасада Скопје.

Целта на конференцијата беше да се презентираат главните резултати од проектот кои вклучуваат изработени „Стандарди за е-транспарентност во единиците на локалната самоуправа“ кои детално ги дефинираат информациите и податоците кои треба да се објавуваат од страна на локалните самоуправи на веб-страниците и во форма на отворени податоци, како и „Насоки за отворени податоци за единиците на локалната самоуправа“ чија цел е олеснување на процесот на објавување на отворени податоци од страна на локалните самоуправи.

На конференцијата учествуваа голем број претставници на локалните самоуправи, граѓански организации, како и централни државни институции кои се надлежни за креирање и имплементација на политики од оваа област.

Покрај презентирање на главните активности и резултати на проектот, беше отворена и дискусија за значењето на отворените податоци за општествениот и економскиот развој. Исто така, беа утврдени насоки како овие изработени стандарди може да се инкорпорираат во нормативна рамка и да биде подржана нивната имплементација од страна на единиците на локалната самоуправа.

Учесниците на конференцијата ја подржаа иницијативата за воспоставување и имплементација на вакви стандарди од страна на локалните самоуправи, согледувајќи дека обезбедувањето на унифицирана пракса за објавување на информации и податоци ќе доведе до значително подобрување на транспарентноста на општините.

Проектот „Граѓанинот на прво место“ се фокусира на подобрување на транспарентноста на единиците на локалната самоуправа преку воспоставување на стандарди за отворени податоци на локално ниво, со цел подобро вклучување на граѓаните и граѓанските организации во следењето на работата и донесувањето на одлуки од страна на општините. Повеќе за истражувањата и проектот може да најдете овде.

ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk