Спроведени обуки за родово одговорно креирање политики и буџети за вработени во јавниот сектор | ЦУП
Сподели
Настан

Спроведени обуки за родово одговорно креирање политики и буџети за вработени во јавниот сектор

Дата: 23.12.2025

Министерството за социјална политика, демографија и млади, во рамките на своите континуирани активности и со поддршка на UN Women, успешно  реализираше  две дводневни обуки наменети за административни службеници за зајакнување на капацитетите за родово одговорно креирање на политики и буџетирање.

Обуката „Вовед во следење и евалуација на родово одговорни политики“ се одржа на 18 и 19 декември  и 22 и 23 декември 2025 година во Ресурсниот центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање.

Целта на обуките беше да ги воведе административните службеници во значењето, целите и пристапите на следењето и евалуацијата на јавните политики, со посебен акцент на родово одговорните политики. Учесниците стекнаа основно разбирање за концептите на мониторинг и евалуација, нивната улога во креирањето јавни политики и важноста од интегрирање на родовата перспектива во сите фази на политичкиот циклус.

Министерството останува посветено на унапредување на институционалните капацитети и промовирање на родовата еднаквост во јавните политики.