Конференција за промоција на нацрт Стратегијата и Акцискиот план за отворени податоци | ЦУП
Сподели

Конференција за промоција на нацрт Стратегијата и Акцискиот план за отворени податоци

Дата: 19.06.2018

На 18 јуни 2018 година беше одржана конференција за промоција на нацрт Стратегијата и Акцискиот план за отворени податоци за периодот 2018-2020 година, организирана од страна на Министерството за информатичко општество и администрација и Центарот за управување со промени. 
Стратегијата за отворени податоци ги дефинира стратешките цели со кои ќе се поттикне објавувањето и користењето на отворените податоци. Целта е да се зголеми транспарентноста и отчетноста на државните институции, да се подобри квалитетот на услугите кои тие ги нудат и во исто време да се поттикнат иновациите и економскиот развој.
Стратегијата беше изработена во рамки на проектот “Поддршка на Процесот на Реформи на Јавната Администрација“, поддржан од Британската амбасада, а имплементиран од Центарот за Управување со Промени. 
Експертскиот тим за изработка на Стратегијата го предводеше Центарот за управување со промени, додека во работната група беа вклучени претставници на државни институции, граѓански организации, академскиот и бизнис секторот.

Предлог – Стратегијата заедно со Акцискиот план и придружните документи може да се преземе од следниот линк.

ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk