Конференција „Подобрување на системот за пристап до информации од јавен карактер“ | ЦУП
Сподели

Конференција „Подобрување на системот за пристап до информации од јавен карактер“

Дата: 23.09.2022

На 23.09.2022 година, во хотел Панорамика, ЦУП ја организираше конференцијата „Подобрување на системот за пристап до информации од јавен карактер“. На конференцијата се зборуваше за проактивна транспарентност на институциите како предуслов за отчетност и борбата со корупцијата а транспаренстноста како нишка на демократските процеси.

Конференцијата е организирана во соработка со Заменичката на Претседателот на Влада задолжена за политики за добро владеење г-ѓа Славица Грковска и Агенција за заштита на право на слободен пристап до инфо. од јавен карактер а во рамки на проектот "Поттикнување на добро управување и реформи во јавната администрација" спроведен од ЦУП а поддржан од National Endowment for Democracy

Беше презентирана анализа на информациите кои граѓаните најчесто ги бараат преку механизмот за слободен пристап до информации од јавен карактер, кои беа поделени во 37 области. Воедно, присутните се запознаваат со нацрт Упатството за подобрување на транспарентноста на институциите од јавниот сектор изработено од ЦУП, чија финална верзија ќе биде за скоро јавно споделена на нашата веб страница www.cup.org.mk. 

Во рамки на конференцијата беа презентирани две панел дискусии, од кои првата со претставници на институциите а втората со претставници на граѓанскиот и академскиот сектор. На панелите беа презентирани добри пракси, досегашни резултати и можности за унапредување на системот за слободен пристп до информации од јавен карактер.

ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk