На 28 февруари 2023 година во хотел Хилтон, ЦУПја организираше Конференцијата под наслов „Дали Република Северна Македонија е фер земја?- Како институциите заеднички да ја унапредат борбата против дискриминацијата?“.
На конференцијата се одраа три панел дискусии и тоа: (1) Презентирање и коментирање на резултати од спроведено истражување на јавното мислење (2) Каде се клучните предизвици од аспект на граѓанските организации и што покажува праксата? (3) Механизми за заштита и како да се унапреди состојбата со дискриминацијата?.
Слушнете што имаат да кажат правните експерти, претставниците на граѓанскиот сектор како и претставници на институциите за:
Претставниците на институциите, меѓународните организации, правните експерти и претставниците на граѓанскиот сектор дадоа свое видување во одговор на прашањето „дали Р.С. Македонија е фер земја“. Главните заклучоци водеа кон тоа дека:
- Политичката ориентација како основ за дискриминација расте
- Работните односи се главна област на дискриминација
- Со санкционирањето на повредата на правото се воспоставува негово владеење а со тоа и сугурност на граѓаните
- Дискреционите овластувања во јавниот сектор се често користени како механизми за дискриминација
Директниот пренос од целата конференција моѓе да го погледнете на нашата Facebook страница https://www.facebook.com/centarzaupravuvanjesopromeni .
Конференцијата беше организирана во рамки на проектото „Борба против дискриминацијата преку поддршка на Комисијата за спречување и заштита од дирксиминација“, поддржам од Владата на Обединетото Кралство преку Британската амбасада во Скопје.
Дата: 26.08.2024
Дата: 26.04.2024