Креирање и евалуација на политики со фокус на Cost-Benefit анализа | ЦУП
Сподели

Креирање и евалуација на политики со фокус на Cost-Benefit анализа

Дата: 22.03.2016

Центарот за управување со промени – ЦУП и Зип Институтот, во рамките на заедничкиот проект насловен “Поголема партиципација – подобри политики и регулативи”, финансиран од програмата Цивика Мобилитас, ја одржа третата обука на тема„Креирање и евалуација на политики со фокус на Cost Benefit анализа“.

Обуката беше целосно заснована врз концептот и принципите на високо интерактивен и практичен пристап, со цел да го зголеми капацитетот на учесниците од ГО за употреба на алатките за фискална одговорност, одржливост и транспарентност во Македонија. Целта на обуката е да овозможи разбирање на процесот на креирање политики, начините за ex-post и ex – ante евалуација со фокус на квантитавните модели на евалуација т.е. cost benefit анализа. Учесниците работеа во две групи, едни работеа на ex – ante евалуација за политиката на е-услуги, а другите работеа  на ex-post евалуација на политиката за екстерното тестирање, теми кои беа избрани на претходната работилница, и со кои се работеше до крајот на обуката.

На групите им се приклучија ментори и понатаму заедно работеа на евалуацијата на влијанието од јавната политика преку системот за прибирање на информации. Работните групи воспоставија логичка рамка на која генерираа конкретни резултати/цели; индикатори; потребни податоци; методи за прибирање на информации и претпоставија одредени ризици кои би можеле да се јават во текот на евалуацијата и мониторингот на јавната политика. Целта на менторите беше да ги координираат ГО во процесот на анализата, следењето и евалуацијата на јавните политики. За време на обуката претставници од работните групи ги презентираа генерираните опции, сценарија и анализи за конкретната јавна политика. Понатаму, учесниците беа обучени како да работат на јавните политики применувајќи ја Cost benefit анализата, и тоа: Работа со Cost benefit и нејзина примена; Употреба на cost benefit во концептот на евалуацијата и Поставување на моделот за евалуација на политиката со cost benefit. Крајната цел на ваквата соработка на менторите со претставниците на ГО е да ги изготват Документите за јавни политики, кои понатаму ќе бидат основа за аргументирана расправа.
 

Претставниците на ГО на крајот на обуката сфатија дека Cost benefit анализата, во голем дел се базира на претпоставки и предвидувања, и од тие причини нејзината изработка треба да биде транспарентен процес и процес кој ќе вклучува многу засегнати страни.

Обуката беше спроведена од Ристе Јуруковски, искусен обучувач од областа на ПВР и Cost benefit анализа.  

 

ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk