Потпишани договори со 14 грантисти кои ќе ја анализираат работата на локалната самоуправа | ЦУП
Сподели

Потпишани договори со 14 грантисти кои ќе ја анализираат работата на локалната самоуправа

Дата: 15.08.2017

Во рамки на проектот „Следење на принципите на јавната администрација во зачувување на вредности на добро управување“, во “Јавна соба”, денеска беа потпишани договори за грант со 14 грантисти.

Овој проект е финансиран од страна на Европската Унија а се реализира од страна на Центарот за управување со промени, во партнерство со Асоцијација за менаџмент консалтинг МКA-2000 и Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија.

Целта на овој проект е развивање на стандардите за добро управување во локалните самоуправи врз основа на воспоставените стандарди за добро управување од страна на СИГМА и Европската Комисија, т.н. „Принципи на јавната администрација“, и следење на исполнувањето на новите стандарди за добро управување од страна на локалните самоуправи.

На настанот присуствуваа претставници на грантистите кои ќе ја анализираат работата на локалните самоуправи во Република Македонија од аспект на исполнување на стандардите за добро управување, со што ќе го помогнат и процесот на идентификување на можностите за подобрување на работата на локалните самоуправи.

Низ процес на дијалог и соработка со локалната власт и Министерството за локална самоуправа, проектот се стреми да го подобри начинот на работа на локалните самоуправи, односно на услугите кои тие ги обезбедуваат за граѓаните.

ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk