На што најмногу се жалеле граѓаните во изминатиот период од пет и повеќе години од областа на управното право? Каков бил исходот од жалбените постапки и колку од покренатите предмети се преточиле во тужби до управниот и вишиот управен суд? Каква е проценката за крајниот ефект по одредени клучни индикатори на ефикасност за самите институции?
Центарот за управување со промени ќе ги презентира одговорите на сите овие прашања на стручната дебата од областа на управното право и заштита на граѓаните која ќе се одржина 19-ти Декември во хотелот Александар Палас, со почеток во 9.30 минути.
Исто така ќе биде презентиран и ставот на граѓаните кон покренувањето жалби и тужби за одредени решенија на институциите и колку тие се чувствуваат заштитено во оваа смисла.
Главните наоди и заклучоци ќе ги презентира, г. Драган Гоцевски, професор на правниот факултет “Јустинијан први” и клучен експерт на проектот “Следење на административната правда”.
За предизвиците со кои се соочува Управниот суд во својата работа ќе говори неговиот претседател, г. Бујрим Сејдини, додека ефектите од работата на државната комисија за одлучување во управната постапка ќе ги претстави претседателката г-ѓа Ирена Брзанова.
За приоритетите во делот на регулација на општата управна постапка ќе зборува државниот советник во МИОА, г-ѓа Билјана Николовска-Жагар.
Своето искуство за пристапот до управно правната помош ќе го презентираат и повеќе практичари-адвокати од областа на управното право додека ќе бидат презентирани и повеќе предлог мерки за унапредување на ефикасноста на управно-правната помош и практика.
Дата: 01.11.2024
Дата: 06.10.2024