На 15 и 16 јули 2022 година, ЦУП организираше финален настан за одбележување на крајот на проектот „Мерки за зајканување на женски бизниси по Ковид-19“, кој беше составен од три дела.
Првиод дел беше конференција на која беше отворена од страна на сопругата на Претседателот на РСМ г-ѓа Елизабета Ѓоргиевска, Извршната директорка на ЦУП г-ѓа Неда Малеска Сачмароска, проектната координаторка во ЦУП г-ѓа Јасна Пајковска, претставникот на канцеларијата на USAID North Macedonia г-дин James Stain и градоначалникот на Општина Охрид г-дин Кирил Пецаков. Во рамки на конференцијата беа органиизрани две панел дискусии од кои едната е на темата "презентација на резултати од проектот" а другата на тема "предлог политики за развој на женско претприемништво". Во рамки на панелите претприемачките учеснички во менторската програма ќе имаат можност да ги споделат своите искуства.
По завршувањето на конференцискиот дел, следеше вториот дел од завршниот настан- базар а жени занаетчии на главниот плоштад во Охирд. Посетителите на базарот се уверија во уникатните производи на 30те жените занаетчии кои изложуваа свои дела преку кои ги враќаат во живот културата, традицијата и уметноста.
Третиот дел од завршниот настан на проектот беше приемот во резиденцијата на Претседателот на РСМ во Охрид на 16 јули 2022 година. Тимот на ЦУП заедно со жените занаетчии кои изложуваа на базарот беа примени од страна на Претседателотна државата г-дин Стево Пендаровски и негвата сопруга г-ѓа Елизабета Ѓоргиевска. Учесниците имаа можност да се запознаат со уникатната резиденција и да разговараат со Претседателот на државата.
Центарот за управување со промени со овј настан го бележи крајот на проектот, но продолжува да работи на поддршката и промоцијата на женското претприемништво.
Дата: 01.11.2024
Дата: 06.10.2024