Прва јавна дебата за стандарди за добро управување во единиците на локалната самоуправа. | ЦУП
Сподели

Прва јавна дебата за стандарди за добро управување во единиците на локалната самоуправа.

Дата: 30.05.2018

Во Општина Велес се одржа првата јавна дебата за стандарди за добро управување во единиците на локалната самоуправа. Јавната дебата се организираше во рамките на проектот „Следење на принципите на јавната администрација во зачувување на вредности на добро управување“ финансиран од Европската Унија, преку ИПА програмата „Структура за поддршка на граѓанското општество и Медиуми 2015“.

Настанот го отвори градоначалникот на Општина Велес, г-дин Аце Коцевски, кој ја потенцираше важноста на исполнување на принципите поставени во изработените стандарди, бидејќи се во согласност со принципите на Европската Унија за добро управување.

Јавната дебата беше можност да се презентираат изработените стандарди за добро управување и да се презентираат резултатите од досегашните истражувања на грантистите во рамките на проектот. Истражувањата беа изработени врз основа на следењето на работата на локалните самоуправи од Вардарскиот регион во степенот на исполнување на поставените стандарди.

Инаку, стандардите за добро управување претставуваат рамка за принципи кои локалните самоуправи треба да ги следат, а се однесуваат на 5 области: Развој и координација на политиките и стратегиите во единиците на локалната самоуправа, Јавна служба и управување со човечки ресурси, Транспарентност и отчетност, Обезбедување услуги, Управување со општинските финансии.

ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk