Во рамките на проектот Мрежа 23 од 31.10 – 2.11.2014 година во хотел Капри во Битола се одржа работилница за мониторинг и евалуација на политиките од Поглавје 23. Оваа беше прва од планираните работилници и на неа освен претставување на грантистите, презентација на подготвената Методологија за мониторинг и евалуација се разменија и најдобри регионални искуства. Работилницата се фокусираше на зајакнувањето на граѓанскиот капацитет за мониторинг и евалуација на политиките во Поглавје 23 - Правосудство и фундаментални права и освен практични знаења за употреба на соодветни техники, методи и алатки за мониторинг и евалуација на јавните политики, на работилницата беше прикажан и практичен пример за мониторинг и евалуација на политики од Поглавје 23. Работилницата беше партиципативна, а во рамките на неа своите искуства во областа ги споделија и презентерите од организациите соработници на проектот и тоа: European Institute Foundation од Бугарија; Institute Alternative од Црна Гора и European Policy Center – CEP од Србија.
Дата: 01.11.2024
Дата: 06.10.2024