Во организација на UN WOMEN, Клубот на жени парламентарки и Македонско женско лоби, на 20 и 21 Септември се одржа работилница насловена “Градење мостови за разбирање”.
Работилницата ја водеше Извршната директорка на ЦУП, Неда Малеска Сачмароска.
Таа ја посочи важноста од воведување на родовaта димензија во надзорната расправа на Собранието за одредени политики, закони, програми и буџети.
„Воведување на родово одговорни анализи, употребата на аргументи и докази во изборот на мерки и акции кои произлегуваат од законските одредби мора да бидат проследени со родово-разделените статистички податоци и индикатори кои ќе ги мерат промените и успехот на политиките и од родов аспект“, истакна Малеска.
Серијата работилници со Клубот на жени парламентарки ќе продолжат и во иднина.
Дата: 26.08.2024
Дата: 26.04.2024