Предавање за Евроспки административен простор за претставници од институциите на јавниот сектор | ЦУП
Сподели
Новост

Предавање за Евроспки административен простор за претставници од институциите на јавниот сектор

Дата: 17.12.2025

Претставници од централните институции на јавниот сектор имаа можност да проследат интересно предавање на тема „Европски административен простор“, кое го одржа проф. д-р Jean-Michel Eymeri-Douzans, експерт по јавна администрација и добро управување.

Предавањето ги опфати следните клучни аспекти:

- Предизвици на јавната администрација во процесот на европски интеграции,
- Улогата на јавната администрација на државите членки во примената на правото на ЕУ,
- Карактеристиките на правото ЕУ за гарантирање на „добрата администрација“ и заштита на човековите права наспрема администрацијата,
- Карактеристики на административната соработка помеѓу државите,
- Новите предизвици на Европскиот административен простор,
- Предизвиците на македонскиот систем во процесот на усогласување со стандардите на Европскиот административен простор.

На овие аспекти јавната администрација ќе треба да стави поголем фокус како за подобрување на процесот на европски интеграции, така и за подобрување на услугите кои ги испорачува на граѓаните.

Предавањето го проследија претставници од Министерството за јавна администрација, Генералниот секретаријат при Владата, Секретаријатот за законодавтсво, Министерството за социјална политика, демографија и млади, Министерството за дигитална трансформација, Државната комисија за спречување на корупција, Агенцијата за администрација, Инспекциски совет и Агенција за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер.

Предавањето беше организирано во рамки на проектот „Поддршка за воспоставување на академија за обука и стручно усовршување на административните службеници“, кој е поддржан од Амбасадата на Република Франција, а во соработка на Центарот за управување со промени (ЦУП) со Министерството за јавна администрација (МЈА).