Модалитети за отворање на Службениот весник - Средба со претставници на ЈП службен весник | ЦУП
Сподели
Новост

Модалитети за отворање на Службениот весник - Средба со претставници на ЈП службен весник

Дата: 07.07.2026

Изминатите денови, претставници на Центарот за управување со промени (ЦУП) остварија конструктивна средба со претставници од Јавното претпријатие „Службен весник“, на која се разговараше за тоа кои се најдобрите модалитетите за отворање на Службениот весник кон граѓаните, согласно анализите кои ЦУП ги изработи изминатиот период.

ЦУП изминатиот период изработи две анали чија главна порака е дека државата има обврска да им обезбеди на граѓаните бесплатен пристап до Службениот весник на државата. станува збор за следните анализи кои може да ги прочитате на нашата веб страница:
- Документ за јавни политики „Дали е можно владеење на правото со комерцијален Службен весник?“ - https://cup.org.mk/publication/public-policy-document-is-the-rule-of-law-possible-with-a-commercial-official-gazette 
- Документ за јавни политики „Бесплатен службен весник - финансиски импликации од отворање на Службениот весник“ - https://cup.org.mk/publication/free-official-gazette-financial-implications-of-opening-the-official-gazette 

Првата анализа се осврнува на правните апсекти на отворањето на Службениот весник со краток споредбен приказ на состојбите во неколку еворпски држави. Додека втората анализа се осврнува на финансиките импликации по државата и ЈП Службен весник во случај на укинување на претплатата за пристап до Службениот весник и дава предлог модели за како тоа да се направи, а да се постигне оптимален финансики исход кој нема да штети ниту по државата, ниту по ЈП Службен весник. 

Меќутоа, институциите кои се креатори на јавните политики и чиј ресор е близок до оваа проблематика, како што се Министерство за правда, Ministry of Public Administration of the Republic of North Macedonia и Ministry of Digital Transformation (Министерство за дигитална трансформација), треба да се погрижат да се направи овој значаен чекор и со тоа да се засили владеењето на правото и транспарентноста на институциите.

Анализите се изработени во рамки на проектот „Поттикнување на добро управување и реформа на јавната администрација“, кој Центарот за управување со промени (ЦУП) го спроведува со поддршка од National Endowment for Democracy (NED).