Минатата седмица извршната директорка на ЦУП, Неда Малеска Сачмароска и проектната координаторка во ЦУП, Бранка Коцевска остварија средба со министерот за јавна администрација Горан Минчев.
На средбата се дискутираше за проектите на кои што досега ЦУП успешно соработуваше со Министерството, а се однесуваа на зајканување на доброто управување и реформите во јавната администрација. Притоа, се дискутираше за идната соработка во овие области и експертската поддршка која ЦУП ќе ја обезбеди во реформските процеси во надлежност на Министерството за јавна администрација.
ЦУП продолжува преку својата докажана експертиза активно да ги поддржува институциите во унапредување на процесите во насока на испорака на повеќе и подобри резултати и услуги за граѓаните.
https://www.mioa.gov.mk/mk-MK/news/ministerot-goran-mincev-deneska-ostvari-prvicni-sredbi-so-pretstavnici-na-graganskiot-sektor.nspx
Дата: 01.11.2024
Дата: 06.10.2024