Официјална средба на претставници на ЦУП со министерот за јавна администрација | ЦУП
Сподели

Официјална средба на претставници на ЦУП со министерот за јавна администрација

Дата: 14.07.2024

Минатата седмица извршната директорка на ЦУП, Неда Малеска Сачмароска и проектната координаторка во ЦУП, Бранка Коцевска остварија средба со министерот за јавна администрација Горан Минчев.

На средбата се дискутираше за проектите на кои што досега ЦУП успешно соработуваше со Министерството, а се однесуваа на зајканување на доброто управување и реформите во јавната администрација. Притоа, се дискутираше за идната соработка во овие области и експертската поддршка која ЦУП ќе ја обезбеди во реформските процеси во надлежност на Министерството за јавна администрација.

ЦУП продолжува преку својата докажана експертиза активно да ги поддржува институциите во унапредување на процесите во насока на испорака на повеќе и подобри резултати и услуги за граѓаните.

https://www.mioa.gov.mk/mk-MK/news/ministerot-goran-mincev-deneska-ostvari-prvicni-sredbi-so-pretstavnici-na-graganskiot-sektor.nspx

ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk