Во рамки на проектот „Преосмислување на управувањето“ кој Центарот за управување со промени (ЦУП) го спроведува во соработка со Владата на Република Северна Макеоднија и со поддршка на Владата на Обединетото Кралство преку Британската Амбасада во Скопје, организиравме панел дискусија и работна сесија со службениците од секторите за стартешко планирање на ресорните министерства и секретаријатите.
На панел дискусијата говорници беа Заменичката на Претседателот на Влада задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска, Генералниот секретар на Владата Методија Димовски, Амбасадорот на Владата на Обединетото Кралство во Република Северна Македонија Н.Е. Метју Лосон и Извршната директорка на ЦУП Неда Малеска Сачмароска.
Говорите на панелистите се осврнаа на актуелните предизвици на Владата, не само политичките туку и технолошките. Се говореше за долгогодишната поддршка на Владата на Обединетото Кралство за пдообрување на процесите на добро управување и реформата на јавната администрација во РСМ и нивните заложби за понатамошната соработка со граѓанскиот сектор и институциите.
Беше истакнато дека проектот „Подобрување на управувањето“ е важен и во контекст на евроспките интеграции, во смисла дека придонесува кон зајакнување на функционалните институции, кои брзо ќе се адаптираат на промените и ќе испорачуваат резултати за граѓаните.
Вториот дел од настанот беше посветен на службениците од секторите за стартешко планирање при министерствата и секретаријатите на Владата. Преку групни дискусии беа обработувани прашања поврзани со процесите на стратешко планирање со фокус на решенија за подобрување и зајакнување на ефикасноста на тие процеси.
Прашањата кои беа обработени се однесуваа на подобрување на координацијата меѓу институциите на централно ниво, примена на конкретни индикатори при мерење на резултатите од имплементацијата на јавните политики, усогласување на стартешки приоритети, цели и мерки, и слични прашања поврзани за процесите на стартешко планирање.
Дата: 26.08.2024
Дата: 26.04.2024