Собраниски хакатон „Дигитален мост“ | ЦУП
Сподели

Собраниски хакатон „Дигитален мост“

Дата: 01.11.2024

Од 30 октомври до 01 ноември 2024 година, во просториите на Собранието на Република Северна Македонија ЦУП го организираше првиот хакатон на тема „Дигитален мост“, во чиј рамки млади лица од областа на информатичките технологии поделени во пет тимови интензивно работеа на изнаоѓање на идејно решение за зајакнување на транспарентноста и отвореноста на Собранието кон граѓаните. 

Учесниците беа дел од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), Brainster и Semos Academy.

Комисија составена од пет члена експерти во процеси на дигитална трансформација во јавниот сектор имаа тешка задача да одлучуваат кој тим понуди најдобро дигитално решение. Беше задоволство да се поминат три дена во размена на мислења со брилијатни млади луѓе кои имаат фантастични идеи!

Сите тимови понудија исклучително креативни и корисни дигитални решенија, но комисијата како победник го избра тимот 2 на Brainster.

Срдечно им честитаме на сите учесници на хакатонот, им посакуваме многу успех и ги повикуваме и поттикнуваме да придонесуваат кон создавање позитивни општествени промени со своите брилијантни идеи, бидејќи на овој хакатон покажаа дека тоа можат да го направат.

Овој хакатон се одржа во рамки на проектот Parliament Support Programme кој е поддржан од Embassy of Switzerland in North Macedonia и во заедничка организација со Собрание на Република Северна Македонија како институција во која се спроведува оваа програма.

Во рамки на Parliament Support Programme програмата беше развиен порталот на отворени податоци на Собранието.

Овој хакатон ги користеше податочните сетови на порталот за отворени податоци како и националниот портал и порталот за отворени финансии.

ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk