Новости
Презентација на докуемнти за јавни политики
Дата: 16.03.2026
Изминатиотпериод тимот на ЦУП организираше презентација на два докуемнти за јавни политики пред претставници на централните институции.
Првиот документ за јавни политики насловен „Дали е можно владеење на правото со комерацијален службен весник?“, во кој се анализира пристапот на граѓаните до службениот весник на државата и ја истакнува потребата од обезбедување на бесплатен пристап до тековните изданија на Службениот весник. Докуемтнто може да го прочитате на следнот линк https://cup.org.mk/.../public-policy-document-is-the-rule... Овој документ беше презентиран од страна на Анета Иванова Стојаноска, проектна координаторка во ЦУП.
Вторито документ за јавни политики се однесува на примената на полтииката за отворени податоци од страна на државата и ја истакнува потребата системкси пристап на државата во објавувањето на отворените податоци. Овој докуемтн беше презентиран од страна на Ирена Бојаџиевска, истражувачка во ЦУП.
Двете теми се дел пошироката политика за транспареност на јавниот сектор, што ќе придонесе кон зајакната отчетност на институциите и вклученост на граѓаните во јавните процеси.
Дискусијата за време на настанот уште повеќе ја истакна потребата од подобар и координиран пристап на централните институции во планирање на јавните ресурси за обезбедување на подобра транспареност, а со цел зајканување на отчетноста пред граѓаните.
Овој настан е прв во низа други исти настани кои имаат за цел да ги поттикнат институциите на суштински промени за подобрување на нивната транспарентност и отчетност кон граѓаните.
Документите за јавни политики и презентацијата се организирани во рамки на проектот „Поттикнување на добро управување и реформа на јавната администрација“, кој е спроведен од Центарот за управување со промени (ЦУП) со поддршка од National Endowment for Democracy .
Најнови новости
Завршен настан на проектот „Y-O Model“
Дата: 23.02.2026
Mожно ли е владеење на правото со комерцијален службен весник?
Дата: 10.02.2026







