На 22.11.2023 година одржавме настан со претставници од централните институции во државата на кој ги презентиравме вредностите на јавната администрација и новиот метод за следење на спроведувањето на јавните политики од страна на институциите.
Амбасадорот на Обединетото Кралство во Скопје Н.Е. Метју Лосон, потсети на важноста од добрите лидери во институциите кои први треба да ги живеат и преку својата работа да ги промовираат вредностите на доброто демократско управување. Исто така, додаде дека ефективната отчетност за сработеното е клучна за одговорноста. На крајот, Аамбасадорот кажа- „верувам дека овој проект навистина ќе го помогне јавниот сектор во РСМ да ги постигне овие цели“.
Заменичката на Претседателот на Владата Slavica Grkovska кажа дека ова е многу важен проект за нашата држава и дека новиот метод за следење на политиките ќе им помогне на институциите многу полесно и поефикасно да функционираат. Исто така, истакна дека Граѓанинот е во центарот на демократските општества, што подразбира доследно исполнување на програмите, за кои граѓаните дале доверба на избори.
Извршната директорка на ЦУП Неда Малеска Сачмароска истакна дека нашата држава нема добар систем на следење на политиките и поради тоа отсуствува резултат и одговорност за неисполнувањето на истите. Додаде дека новиот метод за следење на политиките, кој го изработивме заедно со институциите, овозможува лесно следење на и утврдување на степенот на реализација на програмите и приоритетите на институциите.
Програмската координаторка на ЦУП Искра Белчева Ристовска на присутните им ги презентираше вредностите и стандардите на јавната администрација кои ЦУП ги подготви, под слоганот „Управување за граѓаните“.
ЦУП го тестираше новиот метод за следење на политиките во три сектори (економски развој, јавна администрација и земјоделство) и го презентираше на присутните. Експерти во односните области работеа интензивно на тестирање на новиот метод и имаа прилика да се обратат пред присутните.
Во следниот период ќе објавуваме повеќе информации во врска со вредностите на јавната администрација и новиот метод за следење на спроведувањето на јавните политики.
Проектот „Преосмислување на управувањето“ е финансиран од UK International Development од страна на Владата на Обединетото Кралство преку British Embassy Skopje и е спроведен од Центарот за управување со промени (ЦУП) во соработка со Влада на Република Северна Македонија
Дата: 01.11.2024
Дата: 06.10.2024